Рубрика: Електроника
Ноќен јавач
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој проект е разработено електронско коло кое дава светлински ефект т.н. "патувачко светло". Со помош на неколку електронски компоненти, кои се така поврзани да го даваат овој светлински ефект, се добива интересен уред кој може да најде примена на различни места. Бидејќи палењето на лед диодите, од овој уред, кога работи во точкест мод, во ноќните часови дава чувство како да јавате коњ, затоа го нареков "Ноќен јавач".

Овој електронски светлински уред го изработив по барање на еден наш читател, кој ни испрати неколку интересни електрични шеми (преземени од интернет), кои по негово мислење би биле интересни за читателите на ЕМИТЕР. По разгледување на шемите утврдив дека се работи за слични електронски уреди од оваа област кои помалку или повеќе единствено се разликуваат во дизајнот и употребените компоненти за нивна реализација. Изборот падна "баш" на оваа електрична шема од следните причини: компонентите за нејзина изработка лесно можат да се најдат во продавниците за електронски компоненти, а вложувањата за нивна набавка се минимални. Друга причина беше едноставноста на нејзината изработка и нејзиното лесно нагодување, односно пуштање во функција.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК326
ИК: TL082, LM3914
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.