Рубрика: Електроника
Одредување редослед на фази
Автори: Георги Ефтимов, Ташко Кекевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Инструментот за одредување редослед на фази е незаменлива алатка при пуштање во работа на трофазни мотори. Редоследот на фази во дистрибутивниот енергетски систем на градската мрежа нема никакво значење за домаќинствата. Сосема поинаква е состојбата во индустријата. Насоката на вртење на трофазните мотори зависи од редоследот на фазите на неговите приклучоци. Нередоследно поврзување на фазите на неговите приклучоци резултира со спротивна насока на вртење на моторот. Штетата што притоа може да настане честопати е баснословна.

Едноставните склопови за одредување на редослед на фази со користење на нултиот спроводник имаат свои недостатоци. Таквиот уред не може да се користи таму каде што не постои нулти спроводник и нема индикација за присутност на фазните напони, па секогаш пред одредување на редоследот, фазните напони треба да се проверат со волтметар. Со едноставен склоп за одредување на редоследот на фази којшто ги користи трите фазни напони на едноставен начин се решаваат овие недостатоци. Начинот на одредување на редоследот на фазите кај ова коло е идентичен како кај претходно споменатиот склоп, но се разликува по тоа што ги користи сите три фазни напони и има лед диоди кои служат за индикација на присутност на фазите.

Во нашиот прототип наместо на ППК компонентите се монтирани на три редни стегалки, за секоја фазна гранка по една. Решението не е естетско, но затоа е функционално и ако ги имате сите компоненти на парче фибер склопот може да се состави за помалку од еден час.

Пред да започнете со изработка на склопот добро проучете го овој напис и текстот даден во рамката "Информации и упатства за електроничарите". Склопот за одредување на редослед на фази користи напон на градската мрежа и тоа меѓуфазен чија ефективна вредност изнесува 380V. Затоа изработката спроведете ја во согласност со сите безбедносни мерки пропишани за работа со висок напон. 

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК323
Тиристор: KT206 или сличен;
Зенер диоди: ZY39
 
Клучни зборови:
Во нашиот прототип наместо на ППК компонентите се монтирани на три редни стегалки, за секоја фазна гранка по една.

Во нашиот прототип наместо на ППК компонентите се монтирани на три редни стегалки, за секоја фазна гранка по една. Решението не е естетско, но затоа е функционално и ако ги имате сите компоненти на парче фибер склопот може да се состави за помалку од еден час.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.