Емитер 10/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сведоци сме на неверојатен подем на апликативен софтвер за персоналните сметачи. Така, реализацијата на електронски уреди само со помош на софтвер стана рутинска работа како на пример "софтверското радио", кои до пред некоја година беа незамисливи без хадверски компоненти. Тука ќе разгледаме еден многу прост пример на мерење електричен отпор или температура со "хардверска" помош само од мерениот отпорник или температурниот сензор.
Навистина, софтверот се повеќе ги освојува позициите кои хардверот неприкосновено ги држеше до пред само некоја година. Уште повеќе, аналогната електроника како да губи смисла и во најголем број апликации се настојува што поскоро да се дигитализира аналогниот извор на информации за да може понатаму дигитално се обработува. За таа намена се користат системи за прибирање податоци (data acquisition systems), кои ги прибираат податоците од разните сензори, ги дигитализираат и проследуваат за понатамошно процесирање преку одреден интерфејс (сериски/паралелен порт, USB, Етернет, PCI магистрала и слично). Од софтверска страна постои цела лепеза на апликативен софтвер кој ги обработува овие податоци. Во прв ред тука би ја споменал извонредната платформа LabVIEW на National Instruments, за која Емитер планира во иднина повеќе да пишува.
Иако за основна варијанта на некој ваков систем за прибирање податоци доволно ќе биде да се издвојат педесетина евра, сепак за систем наменет за посериозна професионална употреба треба да се издвојат барем 1000 евра. Затоа, во меѓувреме да видиме што можеме да направиме со она што ни е при рака - со помош на нашата звучна картичка можеме да извршиме цела лепеза мерења и потоа да ги обработиме со нашиот сметач. Во овој случај, мерењата на омска отпорност и температура спаѓаат во наједноставните за кои навистина и не треба друг хардвер освен мерениот отпорник или мерниот сензор.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.