Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Дигитален универзален инструмент (1)
Автор: Наташа Божиновска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Серијата написи за АД конверторите ја завршуваме со еден пример на нивната практична примена кај дигиталните универзални инструменти, како најинтересна тема за поголем број наши читатели, со оглед на тоа што нема електроничар кој не располага со еден таков инструмент. Описот на нивниот принцип на работа и мерните функции придонесува за правилна и успешна примена на овие инструменти во решавањето на потребите со кои се соочувате. А за решавањето на проблемите со самиот инструмент, се надеваме дека ќе биде од полза и тоа што описот е поврзан со дигиталниот универзален инструмент M890, кој има слична конструкција на поголем број дигитални мултимери

Дигиталниот универзален инструмент ги содржи истите елементи како и аналогниот, како што се селектор на мерниот опсег, напонски делител, селектор со шент отпори за струјните подрачја, селектор на омски подрачја и мерни систем. Принципот на работа на дигиталниот инструмент овозможува непосредно мерење и на некои други големини. АД-конверторите, меѓу останатото, овозможуваат градба на дигитални мерни инструменти, во кои мерниот систем со вртлив калем е сменет со дисплеј – покажувач на мерниот резултат со бројки. За потребите на дигиталните универзални инструменти се применуваат два вида АД-конвертори: едниот е интегрирачки, со растечка и паѓачка рампа, а другиот со регистар со последователна апроксимација (SAR). Во примерот на инструментот M890 е применет интегрирачкиот вид АД-конвертор. Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Мултимерот M890

Шема на мерната единица TC7106A

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.