Рубрика: Електроника
Тркало со формули за електроничари почетници
Автор: Денис Галовски
Објавено на 13.03.2018 - 13:15

Сликата вреди 1000 зборови. Ви претставуваме тркало со формули за најчесто употребуваните големини во електрониката и нивната меѓусебна зависност.

Тркалото е наменето за оние што ги прават своите први чекори во електрониката за полесно да ги меморираат најчесто употребуваните формули. Моќноста, струјата, напонот и отпорот се големини кои најчесто се користат во електрониката и електротехниката. Овие големини меѓусебно се поврзани и доколку знаеме две од нив лесно можеме да ги изведеме останатите две. На сликата се прикажани овие големини и нивната меѓусебна зависност. На пример, ако имаме потрошувач (на пример, автомобилска светилка) на кој пишува 12V (напон) 21W (моќност), тогаш со примена на формулата P/U може да ја пресметаме струјата што тече низ светилката и таа изнесува I=21/12=1,75A односно со примена на формулата U2/P можеме да ја одредиме отпорноста на светилката R=122/21=6,86. Или, пак, ако имаме отпорник за кој знаеме дека има отпорност од 100  и максимална моќност од 1W, со примена на формулата √RP ќе заклучиме дека максималниот напон на кој смееме да го закачиме отпорникот изнесува 10V.

Клучни зборови: