Следејќи ги современите светски трендови од телекомуникациите, кабелскиот оператор Канал 16 започна со воведување на нова платформа GEPON FTTh, базирана на оптичка мрежа која и досега ја употребувале, но овојпат ја поставуваат до секој дом со брзина до 1Gbps. По тој повод Емитер отиде до Ресен, од каде одблизу се запозна со воведувањето на оптиката во овој регион, а на вас ќе ви ја долови преку ова интервју со Дејан и Горан Ангелови, сопственици на Канал 16.