Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: Модификација на звучникот Ei Radio Akustika
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатите две продолженија од оваа рубрика направив спектакуларни подобрувања на двете варијанти на звучниците Ei HZK, кои се продаваа заедно со рисиверот Ei HSR 140. Во ова продолжение ќе направам слично подобрување на звучникот Ei Radio Akustika, кој се продаваше заедно со рисиверот Ei HSR 160.

Рисиверот Ei HSR 140 во текот на своето долгогодишно производство доживеа да се продава заедно со три последователни варијанти на звучникот Ei HZK (прикажани во рубриката "Операциона сала" од ЕМИТЕР 1/2013). Третата варијанта (најдесно на истата слика) имаше малку повисока кутија во однос на првите две варијанти, но во суштина беше идентична со втората варијанта (во средина на истата слика). Кога беше промовиран рисиверот Ei HSR 160, тој во прво време се продаваше заедно со истата таа трета варијанта на звучникот Ei HZK. Подоцна, HSR 160 се продаваше заедно со четвртата варијанта на звучникот HZK која ги користеше истата повисока кутија и истиот среднотонец и високотонец, но наместо големиот 30-сантиметарски нискотонец, користеше два 20-сантиметарски нискотонци од 8 оми, поврзани паралелно. На крајот, се појави петтата варијанта, која во недостаток на информации за точната ознака, ќе ја наречеме Ei Radio Akustika, како што е напишано на налепницата на предната плоча од звучната кутија. Инаку, Radio Akustika е одделот од Ei кој ги произведуваше звучниците. Оваа варијанта исто така се продаваше заедно со рисиверот Ei HSR 160. Повик до читателите на ЕМИТЕР: Имате направено звучници, по свој или по нечиј друг нацрт? Дали сте сигурни дека сте го добиле очекуваното/посакуваното? Сакате да бидете сигурни какви се перформансите на вашиот звучник? Донесете ни ги на бесплатно мерење со професионалниот уред за аудиомерења CLIO. Исто така, ќе добиете бесплатни совети за евентуално подобрување на вашите звучници. Најдобрите проекти ќе бидат наградени со полугодишна претплата на ЕМИТЕР!

Клучни зборови:

Звучникот Ei Radio Akustika

Измерена АФК на оригиналниот звучник Ei Radio Akustika

Измерена АФК на звучникот Ei Radio Akustika по модификацијата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.