Емитер 3/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дигиталниот ехо-реверб процесор прикажан во овој напис е реализиран на база на интегрираното коло PT2399. За разлика од неговата вообичаена примена како single-chip ехо-ревербератор, во овој проект се вклучени четири вакви кола во конфигурација која е карактеристична за посложените и поквалитетните ревербератори. Така е добиен евтин уред кој дава прилично реалистична симулација на природната реверберација и ехо. Сите детали за оваа уникатна конструкција ќе можете да ги проследите во три продолженија. Почнуваме со кратка теорија за звучните појави реверберација и ехо, потребата за нивна вештачка симулација и приказ на постоечките решенија на едноставни ехо-реверб уреди, по што ќе следува детална презентација на проектот од идеја до практична реализација.
Во сè она што го слушаме заедно со основниот звук емитуван директно од звучниот извор вклучен е и рефлектираниот звук. Во процесот на еволуција сме станале способни да го перципираме овој рефлектиран звук така што тој ни говори нешто за нашата непосредна околина, дури и во потполна темница. Ако ги елиминираме овие рефлексии тогаш звукот којшто го примаме би ни се чинел "мртов", како што може да ни потврди секој што во некоја пригода се нашол во т.н. глува (анехоична) соба. За звукот да предизвика кај нас чувство на простор и реалност, потребни ни се звучните рефлексии, но кога инструментот е озвучен со микрофон одблиску (или звукот е синтетизиран), присуството на овие природни рефлексии е намалено до таа мера што мораме да вметнеме вештачка реверберација за да го повратиме чувството за реалност. Постојат повеќе начини за додавање вештачка реверберација и ехо, но денес (поточно последниве 30-ина години) на ова поле доминираат дигиталните уреди. Интензивниот развој овозможи појава на специјализирани интегрирани кола за таа намена, така што нивната градба стануваше сè поедноставна и покомпактна, можностите поголеми, а цените пониски. Денес постои широк спектар специјализирани ИК со кои може да се реализираат различни категории на дигитални ревербератори – од наједноставни уреди какви што се користат во гитарските ефекти и караоке-засилувачите, до најсложените кои се користат во тонските студија и во професионалните системи за озвучување. Ќе наведам само неколку: HT8955A, M65831P, PT2396, PT2399, AL3201, FV-1... Нашиот дигитален ехо-реверб процесор EERev-4 е дизајниран со цел да се добие релативно едноставен и евтин уред, но кој сепак ќе дава прилично реалистична симулација на природната реверберација и ехо. Заради најповолниот однос цена/квалитет, одлучив проектот да се базира на интегрираното коло PT2399, широко употребувано во гитарски ефекти, караоке-засилувачи, мултимедијални системи и во автомобилското аудио. Меѓутоа, за разлика од неговата вообичаена примена како single-chip ехо/ревербератор, јас во мојот проект одлучив да вклучам четири вакви кола во конфигурација која е карактеристична за посложените и поквалитетните ревербератори. Така добив уред со многу богата структура на задоцнети сигнали со кои се добива прилично реалистична симулација на природната реверберација, а во исто време уредот е релативно едноставен и евтин. Заради обемот проектот ќе биде изложен во три продолженија, а ќе содржи кратка теорија за звучните појави реверберација и ехо, потребата за нивна вештачка симулација, краток приказ на постоечките решенија на едноставни ехо-реверб уреди, презентација на проектот од идеја до практична реализација, резултати од извршените мерења и слушни тестови, а на крај ќе заврши со кратка анализа на можностите за комерцијално производство, унапредување и поедноставување на овој ехо-реверб процесор.
Во списанието (Емитер 3/13), на стр. 50, во рамката "Термини и кратенки", во формулата за коефициентот на апсорпција настаната е пермутација на ознаките кај броителот и именителот. Точната формула гласи α = Pa/P, како што впрочем произлегува од дадената дефиниција пред самата формула.
Засилување (Gain): -20...+6 dB Изобличувања (THD): <0,5 % Однос сигнал/шум (S/N): >80 dB Доцнење на ехото (Delay echo): 85...500 ms Контроли: Gain, Delay echo, Revreb/Echo, Decay, Dry/Effect
ИК: PT2399, TL072 Потенциометри: 100klog, 50klin, 22klin, 10klog
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.