Рубрика: Металство и машинство
Изработка на водоводни системи (1)
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Еден од основните стремежи на човештвото е зголемување на удобноста на животот. Водоводните системи во голема мера придонесуваат за зголемување на удобноста на човековото живеење, па затоа овие системи масовно се применуваат насекаде и постојано се усовршуваат и се доградуваат. Цената на овие системи значително можете да ја намалите доколку сами ја изведете инсталацијата. Во овој прв дел од серијалот за изработка на водоводни системи ќе ги објасниме главните составни делови на водоводните инсталации, потребниот алат, како и некои функционални карактеристики на овие системи.

Потребата од изведување водоводна мрежа се јавува речиси во секое домаќинство, без разлика дали се работи за нова водоводна инсталација или, пак, за промена на постоечката водоводна инсталација поради реновирање или пак оштетување. Мајсторите и тоа како знаат да ви соберат солидна сума пари за работна рака, дури и ако се работи за нешто ситно, па не е на одмет да се има основно познавање од оваа област. Овие системи постојано имаат иновации, пред сè, поради масовната примена и големата конкуренција меѓу производителите. Постојано излегува нешто ново, но едно е важно: новите делови што се лансираат за продажба на пазарот се целосно компатибилни и прилагодливи на старите водоводни инсталации. Во овој текст најпрвин ќе го објасниме основниот принцип на работа на водоводните системи, потоа основната опрема и алат за изработка на овие системи, типови и карактеристики на водоводните материјали и фитинзи, и на крајот, некои примери од изведени водоводни инсталации.

Клучни зборови:

Клупна за режење навој

Алупласт цевки

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.