Рубрика: Информатика
Софтвер за управување со партиции
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Софтверот за управување со партиции може лесно да смени, да додаде или да спои партиции, како и да управува со партиции кои се наоѓаат на надворешни тврди дискови. Ваквиот софтвер дури може да отстрани и да менува фабрички инсталирани партиции или, пак, да изврши целосно отстранување на податоците од тврдиот диск. Повеќето програми за ваква намена исто така вклучуваат напредни алатки како што е клонирање партиции и миграција на оперативен систем. Овие корисни апликации може да се докажат како неопходни во ситуација кога треба да се управува со дисковите или, пак, да се прават разни бекап-постапки.

Како и во секоја друга софтверска област, постојат голем број разни апликации чија намена е работа со партиции, но не ги има секој од нив потребните квалитети – стабилност и сигурност при работа. Затоа користењето на ваквиот софтвер не го препорачувам за неискусни корисници од едноставна причина што многу лесно можат да направат непоправливи штети на тврдиот диск. Во првиот дел од текстот ќе дадам осврт на критериумите кои треба да ги исполнува софтверот за оваа намена (партиционирање, бекап на податоците, додатни можности, техничка поддршка и пријателски кориснички интерфејс) а потоа ќе го презентирам Paragon Hard Disk Manager Suite 2012 кој, според мене, речиси целосно ги задоволува потребите на повеќето компјутерски корисници.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.