Рубрика: Електроника
Сигнал-трасер
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сигнал-трасерот е едноставен, а многу корисен уред во електроничарската практика. Тој всушност е мал аудиозасилувач со чија помош можеме да го следиме сигналот во неисправните аудио и радиоуреди и така лесно да го лоцираме дефектот. Повеќе пати имаме објавено написи за самоградба на сигнал-трасер, но секогаш има нови и млади читатели за кои вреди да се објави уште едно решение. Овој пат, станува збор за сигнал-трасер реализиран со популарното ИК LM386.

Сигнал-трасерот е уред со чија помош се бара и се проверува сигналот во некој неисправен аудиоуред. Името доаѓа од англискиот назив signal tracer, што би можеле да го преведеме како "трагач на сигнали". Станува збор за мал НФ-засилувач на моќност, кој се одликува со голема влезна отпорност, големо засилување, можност за регулација на нивото на влезниот сигнал и вградена заштита на влезот од преголеми сигнали. Напојувањето е батериско или од мрежен адаптер, излезната моќност вообичаено е мала, од редот на 0,5 до неколку вати, репродукцијата е на мал звучник или слушалки, а целиот уред (заедно со звучникот) е сместен во мала кутија. Некои модели имаат и вграден детектор или посебна РФ-сонда со детектор на АМ-сигнали со чија помош може да се испитуваат РФ-степените на АМ-радиоприемниците. Како се користи сигнал-трасерот? Подетално ќе објасниме на крајот од овој напис, а сега само накратко: на влезот од испитуваниот уред се пушта аудиосигнал, па со помош на сигнал-трасерот го следиме сигналот низ сите степени, почнувајќи од првиот кон последниот степен. Сè додека степените што ги поминуваме се исправни на звучникот ќе се слуша чист и доволно силен звук, а тогаш кога сигналот ќе го снема или ќе биде изобличен лесно ќе заклучиме дека последно испитуваниот степен е неисправен. Моја препорака е секој електроничар-почетник, па и оние понапредните кои до сега тоа не го сториле, да го изработат овој сигнал-трасер. Тој ќе ви биде од голема полза во натамошното занимавање со електрониката, а кога нема да го користите како сервисен инструмент ќе можете да го употребувате како засилувач за вашиот MP3 плеер. Посебен повик до учениците: Испратете ни фотографии од вашите изведби на овој сигнал-трасер. Фотографиите ќе ги објавиме на нашиот веб-сајт, а ученикот кој ќе има најдобра изработка (според нашето жири) ќе биде награден со годишна претплата и укоричен комплет на претходни броеви. Конкурсот трае до 31 мај оваа година.

Технички карактеристики:

Максимална излезна моќност: 0,7W/8Ω

Засилување: 200 пати (46dB)

Осетливост: 4,5 mV за P0= 0,1W

Напојување: мрежен адаптер за 9-12Vdc

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1308
ИК: LM386;
Потенциометар 100k log (47k log);
Звучник: 8Ω/1W
Датотеки за преземање:
Клучни зборови:

Изработена плочка од сигнал-трасерот

Изработена плочка од сигнал-трасерот

Сигнал-трасерот е вграден во заедничка кутија со сигнал-инјекторот чиј проект е објавен во бројот 6/2013


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.