Рубрика: Електроника
140W засилувач со LM3886T во паралелна врска
Автор: Александар Бабаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За да добиеме поголема излезна моќност од монолитен засилувач, најчесто и најпознато решение е користењето на мостна врска на две ИК. Со ова, се зголемува излезната моќност, но како недостаток се намалува можноста на користење звучници со пониска импеданса, како и тоа што сме ограничени на користење на само две ИК. Поради ова, во овој напис, детално ќе прикажеме градба на засилувач во паралелна врска на две ИК. Паралелната врска овозможува користење и на повеќе од две ИК, па затоа ова ќе биде добра основа за други, поегзотични решенија. За оваа цел ќе биде употребен, веќе добро познатиот монолитен аудиозасилувач LM3886T/TF. Ова е првиот ваков засилувач на страниците на ЕМИТЕР.

Желбата за совршенство во аудиотехниката е силен мотив за сите аудиофили. Затоа, многу наши соработници и читатели, едноставно не можат постојано да не говорат или да дискутираат за некое ново решение или некоја нова шема што ја виделе на интернет. Токму од овие причини, решивме да го направиме овој засилувач, поттикнати од повеќе пријатели и решенија, кои ги имаме видено на повеќе интернет-страници. Како дополнителен мотив, може да се спомене и тоа дека ова ИК е прилично ценето во светот на аудиофилите, тоа се карактеризира со голема музикалност, а како поткрепа на овој факт е и тоа што е употребуван од повеќе реномирани производители. Еден од најголемите дострели направени со ова ИК се и засилувачите на Џеф Роуланд (Jeff Rowland), Model 10 и Concentra /Concentra II, кои можете да ги видите на следниот линк: https://www.hifi-advice.com/blog/jeff-rowland-integrated-amplifiers/jrdg..., или едноставно да ги “изгуглате”. Вистинско ремек-дело, нели?

Овој засилувач, а и сите што ќе ги сретнете на интернет, се базирани на официјално објавениот документ “AN-1192”, од страна на “Тексас Инструментс” (во продолжение, ТИ), кој е и еден од производителите на овој монолитен засилувач. Во овој документ се опишани повеќе решенија, и тоа, поврзување на две ИК во мостна, паралелна и паралелно-мостна врска. Сите овие решенија може да се употребат за најразлични потреби. Како на пример, ако сакате да добиете поголема максимална моќност, од тоа што го овозможува едно ИК, може да користите мостна врска, но притоа, ќе мора да го намалите напонот на напојување или да не користите звучници со помала импеданса од 8 оми. Оние, пак, кои сакаат да добијат поголема моќност, а имаат намера да користат звучници со импеданса помала од 8 оми, може да употребат паралелна врска на две или повеќе ИК. Со користење на повеќе од две ИК, можно е да се употребуваат и звучници со импеданса помала од 4 ома. Оние кои го сакаат најдоброто од “двата света”, може да го искористат решението BPA200, кое овозможува дури 335W континуирана излезна моќност.

Се разбира, дадените решенија се мошне воопштени и се прикажани прилично “спартански” и без конкретно решение за ППК, па затоа може да претставува и мал проблем за понеискусните самоградители, доколку се водат само според приложениот документ на “Тексас Инструментс”. Затоа, во продолжение ќе дадеме детален опис на градба на еден ваков засилувач, како и сите проблеми со коишто сме се сретнале при процесот на дизајнирање и изработка, адаптирани на наши услови и на еднослојна ППК.

Технички карактеристики:

Синусна излезна моќност Prms: 140W/4Ω; 80W/8Ω (@ Ucc=±40V, THD=1%)

Напон на напојување Ucc: од ±30V до ±40V

Однос сигнал/шум S/N: >85dB

Изобличувања THD: <0,03% (100W/4Ω); <0,01% (75W/8Ω)

Дампинг фактор DF: 106

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1421
ИК: LM3886T/TF;
Кондензатори: 2200µF/63V, 4700µF/63V;
Тримери: 100 Ω multi-turn;
Трансформатор: 230V/2x27V/300VA
Клучни зборови:

Изработете го овој моќен и висококвалитетен засилувач со 2xLM3886 во паралелна врска

Изработениот прототип на засилувачот со 2xLM3886 во паралелена врска

Изработениот прототип на засилувачот со 2xLM3886 во паралелена врска

Изработениот прототип на засилувачот со 2xLM3886 во паралелена врска

Изработениот прототип на засилувачот со 2xLM3886 во паралелена врска

Напојувањето за засилувачот со 2xLM3886

Измерена АФК на оптоварување од 8 оми

Измерени интермоду-лациски изобличувања на оптоварување од 8 оми

Измерени хармониски изобличувања на оптоварување од 8 оми

Измерени карактеристики при оптоварување од 4 ома


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.