Како што во воздухопловното макетарство едни од најизработуваните макети се оние чија тема се звучните имиња на авионите на Фокер, Албатрос, Сопфит и Њепор од Првата светска војна; Месершмит Ме-109, Фоке Вулф Фв-190, Спитфаер, Мустанг и руските Јакови и Лавочкини од Втората светска војна; како поствоените и модерни Мигови, Сухои, Мек Донели, Локиди, Миражи и сл, така во светот на автомобилското макетарство една од најпосакуваните макети е макетата на фамозната Фолксваген Буба.