Рубрика: Аудио и видеотехника
Совети за избор и користење на фонтови во видеопроекти
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога работите на реализација на некој ТВ-проект најчесто размислувате за хардверот, кои микрофони ќе ви требаат, со каква камера ќе снимате, какво осветлување ви е неопходно и каде ќе ги снимате дејствијата и настаните. Исто толку внимание ќе посветите и на софтверот кој ви е потребен за постпродукциско уредување. Зашто нели, цело е кога има сè, односно за добар производ треба да се мисли на сè. Но, во сето ова размислување и планирање честопати се заборава на една навидум мала работа, но која може да направи многу голема штета ако не е соодветно одбрана. Овој текст е токму за тоа. Прочитајте го. Текстот содржи 5 совети кои ќе ви помогнат да направите најдобар избор.

Откако ќе снимите некое музичко спотче, реклама, филмче или обичен разговор, но и кога работите во живо се јавува потреба материјалот да добие соодветна идентификација или едно-ставно кажано наслов, потпис на тој што го создал, учествувал во него, податоци за локацијата на настанот или превод ако разговорот е на некој друг јазик. И тогаш доаѓаме до моментот кога треба да се одбере соодветен фонт, односно комплет од букви, бројки и разно-разни графички знаци. Пред триесетина години овој дел од работата беше и тежок и интересен за сегашните генерации кои заборавија да пишуваат користејѓи компјутери за сè и сешто. Насловите, имињата на учесниците и друго се пишуваше рачно на картони “телопи” кои се ставаа на посебен држач пред камера и потоа сликата од оваа камера се мешаше со сликата, односно со видеото од настанот. Некогаш пак, тоа се правеше на ролна хартија намотана на макара. На хартијата беше напишана и се вртеше шпицата пред камера одлево-надесно или одгоре-надолу. Напишаното беше дело на луѓе кои знаеја да пишуваат убави букви, со стил соодветен на содржината за која требаше да бидат употребени.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.