Рубрика: Аудио и видеотехника
Сакате да набавите нов камкордер?
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Имате намера да набавите нов камкордер? Купувањето е тешко бидејќи на пазарот има илјадници модели со широк дијапазон на карактеристики и цени. Сигурно се прашувате: ако некои од нив не се добри, како се пробиле на пазарот?! Уште повеќе ќе ве збуни фактот што постојат и камкордери со "исти" карактеристики и различни цени. Во овој напис идентификувани се пет прашања на кои треба да обрнете внимание пред конечно да одлучите кој камкордер ќе го купите.

Кога нешто набавуваме, постојат работи кои важат при купување на секој производ, но постојат и некои кои се специфични и битни за одреден производ, работи кои се важни за да не ја промашите инвестицијата. Иако, во крајна линија, изборот е индивидуален и субјективен, на крајот се сведува на прашањето: за што ви е потребно тоа што го купувате, за каква намена? Истото важи ако купувате автомобил, компјутер, камкордер... што било.
На пазарот за аудио и видеоопрема постојат многу модели на камкордери бидејќи потрошувачите, и аматерите и професионалците, имаат широк спектар потреби. Клучот за избор на вистинскиот модел е да знаете кои се и какви се вашите потреби, а потоа да одберете камкордер кој најдобро ќе одговара на вашите желби.
Но пред да го направите конечниот избор, одговорете на следниве пет прашања. Тие ќе ви помогнат да го направите најдобриот избор, и за средствата одвоени за оваа намена да го добиете најдоброто.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.