Емитер 8-9/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Минатиот месец, редакцијата на Емитер благодарение на застапникот на LG во Македонија ја имаше ексклузивната можност да го тестира новиот LG G3. Се работи за телефон којшто со своите можности спаѓа во високата класа, но ценовно ќе ве чини помалку. По една недела интензивни тестови, еве ги нашите впечатоци.
Уште на прв поглед елегантниот дизајн на LG3 воодушевува. Првото што паѓа в очи е големиот екран којшто ја формира целата предна плоча, без неполни 5 mm во долниот дел, резервирани за едноставното лого на производителот. Елегантните линии, без ниту едно копче на рабовите и предницата, надополнети со тенката “става” на уредот, дебел 8,9 mm, му даваат префинет из-глед на телефонот. Исто како и кај неговиот претходник, копчињата за вклучување и за регулирање на тонот се сместени на “грбот”, но кај LG G3 тие веѓе не “штрчат” од линијата на задниот поклопец, така што веѓе нема опасност да ги активирате при оставање на уредот на маса. Пластиката од која е изработен поклопецот е отпорна на гребанки и лесно се вади нудејќи брз пристап при замена на батеријата и мемориската картичка. По рабовите видлива е елегантната челична рамка на којашто се држат внатрешните елементи и која на уредот му ја дава дополнителната цврстина.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.