Рубрика: Телекомуникации
Зошто сите се воодушевени од новата Samsung Galaxy A серија
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 16.07.2020 - 13:00

Времето е како идеално за долги прошетки и посети на околните планини, градови, како и бројни знаменитости ширум нашата земја, кои можеби досега не сме ги посетиле. Сите тие прекрасни моменти кои се пред нас еден ден ќе бидат само спомени, а на нас е да се потрудиме тие спомени никогаш да не избледат, со тоа што ќе ги овековечиме со фотографија или со видео. За да можеме да успееме во тоа, потребна ни е квалитетна камера и издржлива батерија, која успешно ќе го следи ова темпо. Решението лежи во најновите уреди на Samsung Galaxy A серијата.

Камера што нè остава без здив

Поседувањето мобилен уред кој создава квалитетни фотографии независно од периодот во денот, е сон на секој љубител на фотографијата. Кога на тоа ќе му се додаде реалниот приказ со живописни детали, ретко кој останува рамнодушен.

64-мегапикселната камера на Galaxy A71 и 48-мегапикселната камера на Galaxy A51, нудат реалистичен приказ. Покрај тоа, ултра широкоаголната камера со видно поле од 123 степени е прилагодена на човечкото видно поле. Кристално јасниот фокус се постигнува со макро камерата, со снимање до најситниот детаљ, додека длабинската камера овозможува дополнително истакнување на Live Focus ефектот.

Селфи фотографиите, коишто ќе предизвикуваат восхит, како и висококвалитетните повици, ќе бидат овозможени од 25MP камера, со фокус во живо, која доаѓа со новиот Galaxy A41 уред. Професионалноста на фотографијата е овозможена и со уредот Samsung Galaxy A21s во склоп на кој, токму и како кај Galaxy A41, главната камера има 48MP.

 

Врвно визуелно доживување

Како да го зачините одморот во викендица или пикникот на ќебе на тревна површина? Веројатно со некој филм, серија или книга. Со оглед на тоа дека големината на екранот на Samsung Galaxy A серијата се  вижи во опсег од  6,7 до 6,1 инчи, следењето  содржини на екранот е на одлично ниво. Super AMOLED Infinity-U и Infinity-O екраните, во зависност од моделот, дополнително го зголемуваат искуството.

 

Батерија која не откажува

Samsung Galaxy A серијата е верен сојузник во создавањето спомени со помош на камера, како и во гледањето видео содржини. Зошто? Токму поради издржливата батерија и функциите за брзо полнење. Сите уреди доаѓаат со функцијата за брзо полнење од 15W, додека Samsung Galaxy A71 има дури 25W. Големата батерија од 4 500 mAh и 4 000 mAh на Samsung Galaxy A71, односно A51, овозможува исклучителна достапност на уредот во текот на целиот ден. Samsung Galaxy A41 со батерија од 3 500 mAh и Samsung Galaxy A21s со дури 5 000 mAh батерија, овозможуваат неверојатно корисничко искуство при користењето на уредот.

 

--- ПР текст ---

Клучни зборови:
Самсунг Галакси А71

Самсунг Галакси А71

Самсунг Галакси А51

Самсунг Галакси А51