Рубрика: Телекомуникации
Тест: Серијата 55 на Сименс
Автори: Костадин Солаков, Добре Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На овогодишниот 3GSM Светски конгрес (3GSM World Congress) кој се одржа во Кан, германскиот производител на мобилни телефони ја презентираше својата најнова серија која ја носи ознаката 55. Во продолжение на овој текст, следи преглед на три модели, кои припаѓаат на оваа серија. Едниот од нив е малку полуксузен, вториот е наменет за оние корисници кои се со поплиток џеб, а третиот е оној што привлече најмногу внимание.

Siemens М55 генерално земено претставува атрактивен производ, кој ја надополнува и така богатата палета на мобилни телефони на познатиот германски производител. Овој целуларен телефон има интересни мултимедијални карактеристики, а малите димензии и тежина, проследени со интересен дизајн, уште повеже ја зголемуваат неговата привлечност. Имплементиран е колор дисплеј, со засега стандардни (кога странува збор за колор дисплеи) 4086 бои, кој е идеален за испраќање и примање MMS (Mutimedia Messaging Service) пораки. Не се изоставени ни GPRS (General Packet Radio Service) и WAP (Wireless Internet Protocol), кои се користат за пренос на податоци, а тука е и Java Wireless технологијата која може да се користи за мрежно играње на многу интересни игри... 

 

Siemens А55 е уште еден мобилен телефон на германскиот производител од серијата 55, но овојпат станува збор за член на фамилијата А. Оваа фамилија телефони припаѓа на најниската класа. Но, со напредокот на технологијата, се бележи напредок и кај телефоните од оваа класа, па оние компоненти кои до скоро можеа да се најдат само кај телефоните од повисоките класи, сега сѐ почесто се среќаваат и кај останатите како што е случајот со А55-ката на Сименс. Презентиран во февруари заедно со останатаите телефони од серијата 55 на 3GSM Светскиот конгрес во Кан, новиот Siemens A55 претставува dual band GPRS терминал. Тежи само 84 грама, има компактни димензии и се карактеризира со одлична естетика...


 

Siemens SL55 во изминативе месеци привлече најмногу внимание врз себе. Истакнат е на рекламните паноа, па сите го имате забележано. Тоа е она мало нешто што нежно лежи во раката на Будимир. На прв поглед ќе помислите дека станува за многу чувствителен и нежен апарат. Но, уште при првата можност да го држите в рака ќе се предомислите. Веднаш ќе забележите дека SL55 има цврста и компактна конструкција. Телефонот едноставно "лежи" во рака. Дизајност со лизгање на горниот капак им се допаѓа на сите. Самиот факт што има интегрирана внатрешна антена е уште една предност.  Тежи само 79 грама и има волумен од 63cm3. Може да го користите каде и да патувате низ светот бидејќи тој е три бандер (Triple Band) E-GSM телефон и може да работи во GSM мрежи на фреквенции од  900MHz, 1800MHz и 1900MHz... 

 

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.