Аеронаутика
Технолошкиот демонстратор X-35A во лет.

Авионот Ф-35 (ЈСФ) ја претставува новата генерација авиони од 21 век, која ја истакнува најновата авиоконструкторска иновативност, симбиоза на три различни авиони во иста авионска конструкција. Според планирањата, F-35 би требало да почне да се воведува во 2010 година. Овој авион би требало да ги замени авионите: F-16, F/A-18 B/C, A-10, A-6, AV-8B и Sea Harrier.


Астрономија и астронаутика
Јупитер, најголемата планета во Сончевиот систем

Јупитер, првата надворешна планета во нашиот Сончев систем, е наедно и најголемата. Таа спаѓа во најсветлите објекти на ноќното небо. Гасовитата планета е карактеристична по силните ветрови во нејзината атмосфера и по многу силното магнетно поле. Денес се познати повеќе од 50 сателити на Јупитер, од кои четири (Јо, Европа, Ганимед и Калисто) беа откриени од Галилео Галилеј уште во 1610 година и се наречени Галилееви сателити.


Телекомуникации

На овогодишниот 3GSM Светски конгрес (3GSM World Congress) кој се одржа во Кан, германскиот производител на мобилни телефони ја презентираше својата најнова серија која ја носи ознаката 55. Во продолжение на овој текст, следи преглед на три модели, кои припаѓаат на оваа серија. Едниот од нив е малку полуксузен, вториот е наменет за оние корисници кои се со поплиток џеб, а третиот е оној што привлече најмногу внимание.


Астрономија и астронаутика
Фотографија на ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години, снимена од Хабловиот орбитален телескоп во април 2001 година

По неодамнешното епохално откритие на група космолози дека експанзијата на Вселената е акцелерациска, астрономите ја бараат причината за акцелерацијата во таинствената материја која што недостасува, т.н. "темна енергија" (dark energy).


Аудио и видеотехника

Во овој број на ЕМИТЕР ќе бидат тестирани 6 евтини високотонци, како надополнување на тестот на 9 бас/среднотонци од минатиот број. Резултатите од овој тест ќе покажат кои високотонци се добри, а кои не, па заинтересираните за самоградба на звучни кутии сега ќе можат со сигурност да го изберат она што најмногу ќе им одговара.


Автомобилска техника

Тојота Ленд Крузер, како робусен и практичен теренец, е докажан и на најтешките "офроуд" патеки. Кај новата генерација е забележливо и приближувањето кон СУВ сегментот, со ставање акцент на луксузот. Тоа, заедно со новите техничките помагала даваат една нова димензија на Тојотиниот легендарен теренец.


Електроника

Дванаесет-волтните оловни акумулатори денес наоѓаат голема примена во секојдневниот живот. Се разбира, нив најчесто можеме да ги сретнеме во автомобилите како неопходени извори на електрична енергија. Освен кај автомобилите, слични акумулатори можат да се сретнат и кај мобилните радио-станици, алармните системи, системите за користење на соларната енергија и други специјализирани апликации.


Електроника

Во ЕМИТЕР број 5/03, беше објавен проектот "Универзален предзасилувач со NE5532N", така што со негова помош и со помош на овој напис ќе го докомплетираме проектот за изработка на миксер со упатство за негова практична реализација.


Информатика

OpenOffice.org 1.0.2 претставува канцелариски пакет сличен на Microsoft – овиот Office, но само по начинот на функционирање, типот и карактерот на апликациите кои ги содржи. Имено пакетот OpenOffice.org претставува опен соурце проект што припаѓа на категоријата на free software (слободен софтвер) со GPL (General Public License) лиценца за работа.


Информатика

Новиот Office пакет од Мајкрософт (Microsoft), што засега го носи името Office 11, планирано е на пазарот да се појави на средината на 2003 година. Тој во себе има имплементирано нов кориснички интерфејс, базиран на визуелниот стил на Windows XP, а новите функции дизајнирани од Microsoft се со цел на корисникот да му ја олеснат работата со најновата технологија, ги има во изобилство.


Информатика

Ако погледнеме неколку месеци наназад, најголемата трагедија која го привлече светското внимание е појавата на новиот смртоносен вирус – САРС. Иронично е тоа што некои програмери го злоупотребија големото интересирање на јавноста за овој вирус за ширење на друг компјутерски вирус - поточно компјутерски црв.


Енергетика

Земјата секојдневно прима енергија од Сонцето илјада пати поголема од моменталните потреби на човештвото. Изнаоѓањето ефикасен начин за искористување на оваа енергија би решило многу проблеми одеднаш: еколошки, економски, социјални, технолошки итн. Соларната технологија сè уште е во зачеток, но нејзините перспективи се безгранични. во написот што следи ќе ве запознаеме со соларниот оџак, односно хидроцентралата за пустините.


Автомобилска техника

Уште со самата појава на моторното возило, човекот тежнеел управувањето со него што е можно повеќе да го поедностави, при што управувањето би било полесно и посигурно. Една од најмонотоните активности при управувањето е честата промена на степените на пренос и согласно на тоа и честата употреба на педалата од спојката. Да се направи преносник кој сам би ги менувал степените на пренос е вистинска умешност. Развојот на ваквите преносници е започнат уште во почетокот на 20 век.


Аудио и видеотехника

Доколку имате сателитска антена, сигурно сте забележале дека одредени програми од програмското мени на вашиот сателитски приемник може да ги гледате, додека на некои програми сателитскиот приемник не може да "отвори слика", оставајќи го вашиот ТВ-приемник со црн екран, сигнализирајќи ви одредена испишана порака. Не грижете се.


Информатика

Неколку пати сум имал можност во дневните весници и во списанија чија концепција нема допирни точки со компјутерската техника да прочитам статии на тема ШТЕТНОСТА НА КОМПЈУТЕРИТЕ ПО ЗДРАВЈЕТО. Авторите на овие статии најчесто се новинари кои немаат големо познавање од компјутерската техника и најчесто (не намерно) во своите статии изнесуваат голем број полувистини. Овие статии наместо да ги информираат и едуцираат читателите само повеќе ги збунуваат.


Електроника

Секој електроакустички преносен пат започнува со микрофон и завршува со звучник или слушалка. Она што се наоѓа помеѓу нив може да бидат предзасилувачи, засилувачи, уреди за запис и репродукција и преносен пат. Увото е конечниот просудител за квалитетот на слушаниот звук.


Електротехника

Речиси сите производители, без оглед на видот на производот, ги унифицираат и ги стандардизираат производите, како според бројот на артиклот, така и според типот. Притоа, во ознаката не мора да биде содржано името на артиклот. Глобално, досега се создадени различни јазици и ознаки со кои се означуваат и се препознаваат производите. Хоби алатите на Black & Decker се означуваат со 2 - 4 бројки и букви, кои на англиски јазик се иницијали на означениот производ.


Информатика

По самото појавување на визуелните оперативни системи, програмерите се обидоа работењето со компјутерите да го направат поедноставно, но и попријатно - со додавање background, screensaver и сл. со кои е донекаде намалена нивото на "здодевноста" на Windows-от. Сепак, доколку не сте задоволни од вашиот компјутер, ќе ви претставам неколку начини како да го "дотерате" по свој вкус.


Макетарство и моделарство

Целта на макетарството како хоби е создавање сразмерно намалени или зголемени објекти во што е можно пореална односно подетална состојба во однос на оригиналните објекти. За да биде што е можно поостварлив тој стремеж, потребна е исклучителна прецизност во изработката на соодветните детали.


Медицина

Папајата (Papaya carica) е тропско растение, чија татковина се протега од суптропските подрачја на Чиле, Парагвај, Гватемала, јужниот дел од Мексико, јужна Флорида, па преку подрачјата на источна Африка, до Пакистан, Шри Ланка, Индија и Австралија. И покрај толку долгото познавање на папајата низ историјата, дури на крајот од 20.


Архитектура и градежништво

Нашите сознанијата за египетската цивилизација се темелат на истражувањата на научниците на гробниците и нивната содржина, бидејќи од старите градови и палати останато е многу малку. Преку гробниците каде што на ѕидовите биле сликани најразлични сегменти од животот, ние можеме да ја почувствуваме смислата на нивната организација на земниот живот, размислувањата за задгробниот живот и почитта кон божестватата особено кон врховното божество Амон-Ра, богот на Сонцето.


Географија

Лозарството во Македонија било застапено уште пред нашата ера, бидејќи постојат некои тогашни записи за одгледување на лозите и користење на виното. Словените, кога се населиле на нашите простори затекнале лозови насади од староседелците. Тогаш производството и приносите на грозје биле далеку помали од денешните. Во почетокот на 20-иот век, лозјата страдале од болеста "филоксера", и тогаш лозарството се запустило.


Математика

За трите задачи поставени во мајскиот број на ЕМИТЕР добивме десетина писма со решенија, главно од нашите редовни решавачи. Од сите нив, можевме да го издвоиме решението на Драган Гулабовски од Прилеп, кој што имаше точни и добро образложени решенија на сите три задачи. Како претходен добитник на полугодишна претплата, него сега го наградуваме со укоричен комплет ЕМИТЕР. Му честитаме на наградата.


Електроника

Проблемот со многу интегрирани фреквенцметри е што нивната максимална влезна фреквенција е ограничена на 10MHz. Со декадните делители достапни на пазарот нивниот мерен опсег може да се зголеми до фревенции од околу 1000MHz, но за жал тие се релативно скапи. Предностите на делителот што ви го нудиме се едноставната конструкција, извонредниот одзив и ниската цена на чинење.


Автомобилска техника

Опел (Opel) промовира нова стратегија со која на пазарот ќе понуди интересни и атрактивни модели кои треба да го изгланцаат сјајот на неговиот заштитен знак - грмотевицата. Концепт М беше името на прототипната верзија на моноволуменската Корса, а која под комерцијалното име Мерива (Meriva) ја пополнува празнината помеѓу Агила и Зафира.


Омнибус

Затемнување на Месечината; Форд СтритКа и СпортКа; Citroën C3 Pluriel; Инфрацрвено светло отстранува брадавици; AGP 8x; Nexans – ден во Македонија; Порше подготвува уште посилна верзија на Cayenne; Видеотелефон; Телефон и телекомандер во едно; Материјал со негативен индекс на прекршување на светлината; Мазда со подобра заштита за пешаците; Супернова "видена" по 10 милијарди години; Twin Star – авион со дизел мотори; Одбележани 12 години од лансирањето на вселенскиот телескоп Хабл; Почивај во


Писма
Точни-неточни решенија
Шеми преку e-mail