Рубрика: Аудио и видеотехника
Тест: шест високотонци
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој број на ЕМИТЕР ќе бидат тестирани 6 евтини високотонци, како надополнување на тестот на 9 бас/среднотонци од минатиот број. Резултатите од овој тест ќе покажат кои високотонци се добри, а кои не, па заинтересираните за самоградба на звучни кутии сега ќе можат со сигурност да го изберат она што најмногу ќе им одговара.

Мерењата ги извршив со професионалниот уред за аудиомерења CLIO. Сите високотонци беа монтирани  во тест-кутија широка 22 cm, а растојанието до микрофонот беше 2 метри, за измерените резултати да бидат што е можно послични на реалните услови. Изобличувањето од вториот и третиот хармоник е мерено при звучен потисок (SPL) од 90 dB на далечина од 2 метра, што одговара на стандардот за мерења од 96 dB потисок на далечина од 1 метар. Сите измерени високотонци имаа номинална импеданса од 8 W.

Тестирани беа звучниците PROFESSIONAL AUDIO DT-50, SIMSONIK YDQG 25-1, SIMSONIK YDQG 40-2, SIMSONIK YDQG 80-2, BOOMERS DT408 TI, TELE STS 1108. 

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.