Рубрика: Аудио и видеотехника
Тест: Компјутерски звучници Gembird, Genius и Philips
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тестиравме три модели на компјутерски звучници од три познати бренда – Gembird, Genius и Philips. Заедничко за сите нив е тоа што имаат по два сателита и еден сабвуфер со бас-звучник со номинална големина од 4 инчи (10 cm). Цените исто така им се речиси идентични – околу 1400 денари. Навидум, сите се слични, но нема да поверувате какви разлики најдовме меѓу нив!

Денешниот модерен компјутеризиран свет не може да се замисли без компјутерските (PC, multimedia) звучници, тие се неопходен додаток на секоја маса. Компјутерските звучници доаѓаат во најразновидни конфигурации, големини и цени, а заедничка карактеристика им е тоа што се активни – имаат вграден засилувач и на нив директно можат да се приклучат разни извори на звук, како што се компјутер, MP3 плеер, смартфон или нешто друго. Карактеристична особеност на компјутерските звучници е тоа што се наменети за поставување на маса, а слушателот треба да седи до масата к– само на тој начин се добива (релативно) добра аудио репродукција. Понекогаш има и позитивни исклучоци од ова правило, како што покажав во минатиот број на ЕМИТЕР со модификацијата на звучниците Genius SP-HF 1250B. Кога звучникот ќе се постави на маса, до слушателот не допира само директниот звучен бран од звучникот, туку и рефлектираниот од масата, така што ќе се појави ефектот на “чешлест” (comb) филтер – нерамна АФК поради интерференција на двата звучни брана, со една јасно изразена дупка некаде во опсегот меѓу 1,5 kHz и 2,5 kHz, потоа мало издигнување накај малку повисоките фреквенции, па потоа пак дупка (помалку изразена во однос на првата), па помало издигнување, и така натаму накај повисоките фреквенции, со сè помали девијации од идеалната. Вообичаено е тестовите да се презентират според азбучниот (абецедниот) редослед на имињата на брендовите, но во овој случај, тестот ќе го започнам со звучниците Philips SPA 1330, затоа што од сите три тестирани модели, тие имаат најрамна амплитудно-фреквенциска карактеристика (АФК), со што на практичен пример јасно ќе прикажам што се случува кога еден звучник ќе се постави на маса.

Клучни зборови:

Тестираните звучници Gembird SPA 631, Genius SW-A700 и Philips SPA 1330

Измерена АФК на сателитскиот звучник Philips SPA 1330, во слободен простор и на маса.

Измерени АФК и изобличувања на засилувачот за сателитот од Gembird SPA 631

Измерени АФК и изобличувања на засилувачот за сателитот од Genius SW-A700

Измерени АФК засилувачот за сателитот од Philips SPA 1330

Бас-звучниците Philips, Gembird и Genius.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.