Рубрика: Аудио и видеотехника
Тест: Камера HDR-AS100 - забава за целото семејство
Автор: Јане Стефанов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред точно една година пишувавме за Sony HDR-AS15, која е претходник на новата камера HDR-AS100. Тука некаде започна и борбата на Sony за освојување на пазарот на акциони камери. Добро етаблираниот GoPro беше нападнат од Sony и од JVS во речиси исто време. Тоа за нас, корисниците, е добро бидејќи поради нивната борба ги добиваме најквалитетните камери по најниска цена.

Во мајскиот број од минатата година (или поточно ЕМИТЕР 5/2013), направивме тест на Sony HDR-AS15 и нашите забелешки ги поделивме во три групи: добри, одлични и “ќе мора да се потрудат во следниот модел”. Морам да кажам дека при тестот на новата камера имам чувство дека речиси сите недостатоци од типот “ќе мора да се потрудат во следниот модел” се исправени и сега во рацете имаме солидна камера за снимање акциони видеа со многу движења во невозможни услови. Искуството со постариот модел ни дозволува да увидиме колку Sony сериозно се нафатил да направи најдобра акциона камера. Нема да се фалиме дека ги читал нашите забелешки бидејќи тоа е многу егоцентрично, но ќе споменеме дека Sony ги послушал забелешките од реалните корисници и во овој модел усовршил многу моменти. Направивме и споредбен тест на HDR-AS100 со GoPro2 при падобрански скок. Погледнете го видеото тука.

Клучни зборови:

Акционата камера Sony HDR-AS100

Kамерата HDR-AS100 со сите додатоци

Тестот на HDR-AS100 го спроведовме во реални услови - на падобрански скокови

Авторот на статијата Јане Стефанов при тестирањето на HDR-AS100

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.