Рубрика: Аудио и видеотехника
CD плеер Sony CDP - XA50ES
Автор: Милан Рупиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако се обидеме да дадеме одговор на прашањето кои CD плеери се денес најдобри на пазарот и при тоа да се потпреме на логиката дека тоа би требало да бидат модели на производители кои во своето производство имаат најголемо искуство и кои, на крајот, ги измислиле, ќе ракуваме со прилично несигурни премиси. Но, секое правило има и свои исклучоци.

Знаете ли кој го измислил CD плеерот? Тоа беше "Philips". А знаете ли кој ги постави скоро сите важечки стандарди на кои почива дигиталната аудио сцена? "Philips" и подоцна приклучениот "Sony". Знаете ли кој ги произведува повеќето квалитетни транспортни механизми кои се вградуваат во врвните CD плеери или транспортните системи на најреномираните производители на дигитална опрема? И тука е прв "Philips", додека "Pioneer" му е единствена посериозна конкуренција. Всушност сѐ значајно што се слчило во петнаесетина години од постоењето на CD плеерот на аудио сцената, освен HDCD, го носи авторскиот печата на "Philips" и "Sony", со само повремени "иновативни" влетувања на фирми надвор од споменатиот тандем. Но, знаете ли за некој врвен или барем вреден за пофалба CD плеер, транспортен систем или DAC склоп кој на себе ја носи ознаката на некоја од овие фирми? Ако се водиме од логиката на дадените одговори и поставените прашања, и на ова последното одговорот би морал да биде ист. Меѓутоа не е. И додека "Sony" направил барем нешто, името на "Philips", кога се во прашање поквалитетни CD плеери, се спомнувало повеќе само во почетокот на осумдесеттите кога корпорацијата од Ајндховен беше практично единствениот производител на дигитални репродуктори.

За разлика од "Philips", под знамето на неговиот партнер, но и противник "Sony", за време на кратката развојна историја на CD репродукторите знаеја да се најдат поедини модели на CD плеери кои привлекоа големо внимание кај критиката и ја освоија наклонетоста на публиката. Тоа главно се однесува на моделите од нивната серија Esprit, кои благодарение на солидните репродукциски својства се забележани како вредни за внимание. Меѓутоа уреди од Sony-ево, а особено од Philips-ово легло на кои пробирливата аудиофилска публика ориентирана кон high-end би им се воодушевувала сепак нема. Но, се појавија неколку ES модели на Sony кои му послужија како предлошка на германскиот инженер Свобода за неговите познати и прилично ефикасни унапредувања, чии звучни перформанси се познати како егзотични и многу повеќе во дослух со вистинскиот звук отколку што тоа е вообичаено кога е во прашање репродукцијата на дигитализиран музички запис од конвенционален CD плеер. Но, одигинални уреди кои на своите предни плочи ја носат ознаката на некој од родоначалниците на медиумот, а кои би ја подигнале тензијата во крвотокот на корисниците на CD плеери, до сега нема. Сè додека не се појави CDP-XA50ES, Sony-евиот интегриран CD плеер кој малку наликуваше на безбројните примероци униформни припадници на современата војска читачи на компакт дискови.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.