Електроника

Во овој напис следи еден многу едноставен проект на light show или буквално игра на светла. Конкретно тој претставува 3-канален конвертор на звук во светло каде секој канал се активира на ниски, средни или високи тонови соодветно. Поточно секој канал се управува од најгласните "peak" сигнали во својот зададен подопсег на ниски, средни или високи фреквенции. Со оглед на едноставната конструкција и релативно ниската цена, овој проект обезбедува доста добри светлосни ефекти.


Аудио и видеотехника

Таблиците и формулите за пресметка на бас-рефлекс звучните кутии ќе ги дадам во последниот дел од оваа серија. Намерата ми беше прво на читателите да им ги откријам најважните проблеми кои се јавуваат при проектирањето на бас-рефлекс кутиите и ограничувања што произлегуваат од поедноставениот математичко-физички модел кој ги опишува тие кутии.


Електроника

Дигиталниот фреквенцметар е уред кој овозможува прецизно мерење на фреквенцијата. Овој уред е добредојден за оние кои се занимаваат со изработка на CB (civil band) радио станици и радио аматерски станици, а во последно време и за оние кои произведуваат радио дифузни предаватели (88 до 108MHz).


Телекомуникации

Најважна причина за неопходноста за воведување на ISDN приклучок е сè поголемиот број приватни факс машини, потребата за повеќе телефонски линии и секако брзата експанзија на интернет кој е секогаш "гладен" за брза комуникација.
Што е ISDN, што нуди овој систем и кому може да му користи? Во овој текст ќе можете да прочитате за историјатот на ISDN, а делумно и за неговите карактеристики.


Електроника

Сакате да влезете во светот на практичната електроника, но не знаете како и од каде да започнете? Можеби веќе и сте започнале практично да се занимавате со електрониката, но наидувате на многу проблеми поради своите скромни знаења? Ако вашиот одговор на овие прашања е потврден (барем делумно) тогаш оваа серија написи е наменета за вас.


Аудио и видеотехника

Ако се обидеме да дадеме одговор на прашањето кои CD плеери се денес најдобри на пазарот и при тоа да се потпреме на логиката дека тоа би требало да бидат модели на производители кои во своето производство имаат најголемо искуство и кои, на крајот, ги измислиле, ќе ракуваме со прилично несигурни премиси. Но, секое правило има и свои исклучоци.


Електроника

До денеска се развиени многу постапки за изработка на печатени кола и секоја од нив си има свои предности и слабости. Најчесто користена постапка за изработка на плочки со печатени кола (ППК) во домашната практика е со цртање на пертинаксот со водоотпорен фломастер.


Електроника

Кога се тестира опремата на една дигитална мрежа која користи комбинација на PDH, SDH и ATM, неопходно е да се извршат повеќе различни мерења за да се утврди дали инсталацијата и перформансите ги задоволуваат зададените критериуми. Денес многу од овие мерења се значително подобрени, а времетраењето на тестирањето прилично намалено.


Електроника

Ова едноставно коло служи за да ја подигне средната излезна моќност на аудио засилувачот. Неговата едноставност го прави погоден за разни примени како што се "Intercom" системи, разгласи, диско озвучувања и разни типови на предаватели.


Аудио и видеотехника

Компресорите во студиската аудио-техника се користат многу често за обработка на разните програмски материјали, но нивната, можеби најважна примена се сведува на приспособувањето на определен динамички опсег, што е поголем од можниот динамички опсег на носачот на звук на кој ќе се изврши запис, да се "спакува" во рамките на неговите можности. Компресорите многу често можат да се користат и како лимитери за заштита од преоптоварување.


Електроника

Во ЕМИТЕР број 3/97 веќе беше објавена шема на звучно контролиран прекинувач. шемата која јас ја објавувам работи на сличен принцип, но сметам дека има и свои специфичности и дека ќе биде интересна и корисна за голем број читатели. Акустичкиот прекинувач кој овде е опишан овозможува со едноставно плеснување на дланките да се вклучи некој уред а потоа со повторно плеснување истиот да биде исклучен.


Електроника

Склопот за индикација на излезната моќност кај НФ засилувачите прикажан тука се состои од 10 идентични степени. Ако склопот поседува посебно напојување не е потребно да се стабилизира. Ако се приклучува на напојувањето на засилувачот, тогаш е неопходно да се стабилизира, бидејќи потрошувачката не е константна (зависи од бројот на запалени диоди).


Електроника

Уредот го замислив како додаток на постоечкиот акустички сигнал за индикација на телефонските повикувања во неможност за слушање (гласна музика, позадинска врева) или намерно исклучување на звучната индикација во покасните часови (кога некој спие, а ние очекуваме телефонски повик). Единствената интервенција на постоечката телефонска линија е сериски прекин на дел од водот и обезбедување на точките A и B, во кои се приклучува led диодата LED1.


Омнибус

Radio Telegraphy High Speed Club;
Како се станува член на HSC?;
Правила за дипломата Europian community;
DX – информации;
HSC – маратон;
Правила за натпреварот Low Power (RSGB);
Правила за дипломата W.A.B.P.;
Правила за дипломата "WHSC";
Z3 - DXCC почесна ранг листа;
Календар на меѓународни КБ-натпревари


Омнибус

HI-FI информации;
Ново од Fluke;
Нови "дајлери" од ZO & Co Ltd.;
Двобитни мемориски ќелии;
Уживајте во вашиот сигнал;
DBX графички процесор


Писма
Прашања за засилувачот од 500W