Емитер 4/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дигиталниот фреквенцметар е уред кој овозможува прецизно мерење на фреквенцијата. Овој уред е добредојден за оние кои се занимаваат со изработка на CB (civil band) радио станици и радио аматерски станици, а во последно време и за оние кои произведуваат радио дифузни предаватели (88 до 108MHz).
До пред десетина години овој уред тешко можеше да го направи некој електроничар затоа што беа потребни многу интегрални кола, така што овој уред можеше да се најде само во специјални лаборатории и сервиси. Но, со појавата на INTERSIL-овите интергални кола со ознаката ICM 7216 овој уред денес е можно да го изработи и помалку искусен електроничар.
Овие интегрални кола се сретнуваат во следните верзии: ICM 7216A, ICM 7216B, ICM 7216C, ICM 7216D. ICM 7216 A и C се за користење на LED дисплеи со заедничка анода, а ICM 7216 B и D се за користење на LED дисплеи со заедничка катода. ICM 7216 A и B служат за: мерење на фреквенција, периода, разлика помеѓу две фреквенции, временски интервал, односно се универзални бројачи, додека ICM 7216 C и D служат само за мерење на фреквенција. Овде ќе биде опишана изработката на дигитален фреквенцметар со користење на интегрално коло ICM 7216D.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.