TPL0102-100, стерео дигиталниот потенциометар на Texas Instruments е со отпорност од 2x100 K и е со линеарна карактеристика. Тој има 256 позиции (8-битна резолуција) и може да се користи како двоен потенциометар со три изводи или како реостат со два извода.
TPL0102-100 има статичка меморија (EEPROM) која може да се користи за меморирање на неговата позицијата и неговите регистри се пристапни преку популарниот I2C интерфејс. Тој е спакуван во минијатурното MicroQFN пакување со 14 изводи и димензии од само 2 x 2 mm.
Основната примена на TPL0102-100 е во замена на механички потенциометри и може да се користи на пример во засилувачи со нагодиво излезно ниво, во нагодување и калибрација на сензори или во управувани извори на напојување.
Паралелно со овој модел постои и TPL0102-10, со отпорност од 2x10 KЗасега нема информации дали TI планира да исфрли на пазарот дигитален потенциометар од оваа генерација со друга омска вредност.
Повеќе информации на: http://www.ti.com/.