Рубрика: Електроника
Изработка на печатени кола со фото постапка
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


До денеска се развиени многу постапки за изработка на печатени кола и секоја од нив си има свои предности и слабости. Најчесто користена постапка за изработка на плочки со печатени кола (ППК) во домашната практика е со цртање на пертинаксот со водоотпорен фломастер. Но голем недостаток на оваа постапка е тоа што фломастерите кои се продаваат кај нас ни од далеку не ги задоволуваат потребите за користење во изработката на печатени кола и поради тоа често се случува печатеното коло кое сме го направиле со големо внимание да биде прекинато на некои места поради тоа што фломастерот се избришал од бакарната површина. Исто така голема слабост на оваа постапка е што печатените кола се цртаат со рака и поради тоа прецизноста на нацртаните водови е многу мала. Решение за сето ова е користењето на фото постапката за изработка на печатени кола. Оваа постапка е воедно најдобро нешто што може да му се препорача на секој електроничар. Со оваа постапка се поедноставува пренесувањето на нацртаниот дел од хартија на пертинаксот и тоа се извршува со голема прецизност и се добиваат многу остри и правилини линии.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.