Емитер 4/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најважна причина за неопходноста за воведување на ISDN приклучок е сè поголемиот број приватни факс машини, потребата за повеќе телефонски линии и секако брзата експанзија на интернет кој е секогаш "гладен" за брза комуникација.
Што е ISDN, што нуди овој систем и кому може да му користи? Во овој текст ќе можете да прочитате за историјатот на ISDN, а делумно и за неговите карактеристики.
ISDN (Integrated Service Digital Network - мрежа за дигитални интегрирани услуги) е збир напредни, но и не толку нови телекомуникациони услуги, базиран на дигитална верзија на постоечката телефонска мрежа. Наместо аналогните сигнали, кои се користат уште од најраните денови на телефонијата, се користат дигитални низови од податоци, кои можат да се пренесуваат низ класични телефонски линии. Форматот на податоци е единствен неопходен фактор во дигиталниот систем, затоа ISDN нуди повеќе примени, а не само гласовни сигнали. Терминот "формат од податоци" помеѓу останатото ја опфаќа и структурата на блокот податоци и соодветната контрола на сигналите. Бидејќи секоја дигитална информација може да се конвертира во зададен формат, ISDN е добар избор за пренос на дигитален аудио, видео или брз дата-сигнал. Основен услов е да постои доволно широк фреквентен опсег. Предностите на дигиталниот, во однос на аналогниот начин на комуникација се очигледни: подобрување на квалитетот на говорниот сигнал, поголема брзина во преносот на податоци, помали грешки во преносот, поголема флексибилност и пократко време за воспоставување на врските.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.