Рубрика: Телекомуникации
DRM – нов дигитален радиосистем
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Digital Radio Mondiale (DRM) претставува конзорциум формиран во 1998 година од страна на релевантни субјекти: BBC, Deutsche Telekom, Deutsche Welle, Europe 1, Fraunhofer Institute, Harris, JVC, NHK (национална радиодифузија на Јапонија), Radio Canada, Radio France, RAI, Sangean, Sony, Telefunken, Teracom, Thomcast и други, со цел да се проектира и имплементира унифициран стандард за дигитална радиодифузија во фреквенцискиот спектар под 30 MHz, кој ќе може да ги искористи (со мали модификации) постоечките AM предаватели.

Со појавата на FM радиодифузијата пред 50 години, улогата на AM радиодифузијата полека опаѓа. Во последниве години дефинитивно се чувствува опаѓањето на AM радиодифузијата во светот – слушатели има сè помалкуи, одржувањето на старите предаватели е скапо и повеќе AM сервиси и радиопредаватели се гасат, отворајќи слободен простор на тие фреквенциски подрачја.

Од друга страна, FM подрачјето е потполно исполнето и постои голем притисок да се најдат нови слободни фреквенциски опсези. Двете појави одат рака под рака кон една заедничка цел: целосно нов, дигитален радио систем кој ќе го понуди најдоброто од двете страни.

За пренос на новиот дигитален DRM сигнал можат да се користат постоечките аналогни AM предаватели, односно ќе може без никакви измени да се користи нивниот излезен степен – а тоа е најскапиот дел од прадавателот. Единствено мора да се додаде DRM модулатор, а во постоечкиот АМ модулатор да се модифицира неговиот филтер (или да се замени самиот модулатор, ако е од типот на модулационен тррансформатор) и да се замени RF генераторот на носителот со фазно модулиран RF генератор. Овие преправки се минимални и евтини.

****

Комитетот на EBU (European Broadcastin Union) со документот EBU Technical Recommendation R104-2001 формално го препорача DRM како единствен дигитален радио систем кој треба да го замени постојниот аналоген за AM подрачјата. Почетокот на емитувањето на дигиталното радио DRM е предвидено за 2003 година.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.