Омнибус

Apple eMAC;
Ups со нови слот картички;
Audi A8;
Првиот доказ дека земјата била бомбардирана од метеори пред 4 милијарди години;
Tyan-tigermp-S2460;
Epson Stylus S62;
Инсталирани штитници на меѓународната вселенска станица;
Sony CDX-MP70;
Opel Vectra GTS;
GG46 Конектор;
Декодер "Magic module";
64 Bit AMD Opteron;
X-44 Manta (FB-22);
Нови сателитски приемници Aston;
Супер галеб G-4M


Автомобилска техника

Претставувањето на новата генерација на моделот 9-3 е првиот чекор во најголемата офанзива во историјата на шведската фабрика. Нападнати се горниот дом од средната класа на спортски автомобили каде местото одамна е резервирано за германското трио составено од BMW серија 3, Mercedes C и Audi A4, а од неодамна проширено и за сонародникот на Saab, Volvo S60.


Автомобилска техника

Омасовувањето на системите за контрола на стабилноста започнува во деведесеттите години на минатиот век. Бројната електронска логистика направи своевидна револуција во сигурноста и активната безбедност на автомобилите. Значително го олеснува управувањето со автомобилите во несакани ситуации и при лизгави подлоги, исправувајќи ги лошите проценки и грешките на возачот.


Автомобилска техника

Mazda6 е првиот автомобил од т.н. "зум-зум" концепт со кој кон традиционалните обележја на Маздините автомобили треба да се додадат и нови квалитети како што се атрактивноста, препознатливоста и задоволството при возење. Новиот пристап резултира со вклучување на "шестката" во кругот на највозбудливите и најзаводливи автомобили во рамките на сегментот на кој што припаѓа.


Автомобилска техника

Влагата и ладното време во зимските месеци го ставаат автомобилот на најтежок испит. Возењето во зимски услови (минатата зима и кај нас после долго време можевме да се потсетиме што, навистина, значи тоа) е тешко и секоја грешка или неисправност на автомобилот скапо чини, во пари или нерви сеедно. Овде само ќе потсетиме на некои проверки што се стандардни преку целата година, но кои се особено важни во зима.


Аеронаутика

Конвертиплан е летало кое има можност да полета и слета вертикално – како хеликоптер, а притоа да лета како авион. Зборот "Konvertiplan" во превод означува "авион кој се менува". Многу воени стратези барале решение од воздухопловната индустрија за летало кое би можело да лета како авион (брзина и носивост), а да полетува и да слетува како хеликоптер.


Астрономија и астронаутика

За потеклото на астрологијата. Постои ли корелација помеѓу зодијачките знаци и карактерот на новороденчињата? Имаат ли астролошките постулати основаност во гравитациското дејство на небеските тела? Вавилонските зодијачки знаци денес се неадекватни и без практично значење.


Астрономија и астронаутика

Хабловиот вселенски телескоп – HST е моментално најмоќното орудие со кое располага современата астрономија. Резултатите што ги има дадено за ови десетина години, откако работи, се такви што нашата цивилизација може да се гордее со нив.


Аудио и видеотехника

Кога DVD-форматот првпат беше зачнат, неговото име беше Digital Video Disc. Сепак, набргу потоа, тоа беше трансформирано во Digital Versatile Disc – диск за различни намени. Новото име имаше за цел да покаже дека DVD-то би требало да се користи како носач на поразновидна програма од медиумите за забава, вклучувајќи аудио/видео податоци и игри. Првиот DVD-формат што се јави на пазарот, DVD-Video, носеше филмови и музички видеа на диск со големина на CD.


Електроника

Термометарот е стандарден инструмент во секој автомобил, но за жал многу непрецизен. Затоа овде ќе опишеме прецизен дигитален термометар на кој му е додадена можност да ја мери и надворешната и внатрешната температура што го прави рамен на оние термометри кои се вградуваат во најновите автомобили.


Електроника

Многумина од нас имаат современи калкулатори или т.н. џебни потсетници. Но, поголемиот дел од овие модели се продаваат без додатна опрема, особено оние поскапите. Во оваа прилика ќе прикажеме еден едноставен компјутерски интерфејс кој ќе ви овозможи моделите на производителот CASIO да ги поврзете на вашиот домашен PC.


Електроника

Светилките што трепкаат се неизбежен декор за новогодишните и божиќните празници. Иако овие празници сè уште се далеку, ние ќе ви покажеме еден едноставен начин како да направите треперливо светло кое покрај за украсување на новогодишната елка добро ќе ви послужи и при организирањето на домашни журки или пак за декор на излози.


Електроника

Во случај кога разликата помеѓу влезниот и излезниот напон на некој стабилизатор на напон е голема доаѓа до големо загревање на серискиот транзистор. За да се одбегне ваквото преоптоварување на транзисторот, може да се направи стабилизатор со импулсен начин на работа, каде што серискиот транзистор не работи постојано туку импулсно.


Електроника

Кај автомобилите кај кои светлата се палат независно од контактниот клуч со кој се активира моторот, може да дојде до несакано празнење на акумулаторот ако се заборават светлата и тие останат запалени. Склопот кој е прикажан овде алармира доколку се изгаси моторот, а некое од светлата (или некој друг потрошувач кој ќе се предвиди за контрола), остане вклучено.


Електротехника

За подобар ефект и сигурност во работата на вентилаторот од термоакумулациската печка потребено одржување. Искуството покажува дека еднаш на 2-3 години неопходно е негово комплетно расклопување и чистење на составните компоненти. Добивката е неспоредливо голема наспроти вложениот труд: поголем ефект и нечујност во работата, намалена можност за прегорување на навивките на моторот и намалено загадување на воздухот со прашина.


Информатика

Иако не се работи за голема и светски позната компанија, Shuttle е име кое се проби кон врвот произведувајќи и презентирајќи сосема поинакви производи на пазарот на персонални компјутери. Имено станува збор за т.н. SSF (Small Form Factor) персонални компјутери кои имаат значително помали димензии во споредба со нормалните персонални компјутери, а не заостануваат во однос на перформансите.


Информатика

RAM меморијата претставува привремено место за сместување на податоците, која понатаму со големи брзини се испраќаат до процесорот, и обратно.


Информатика

Сведоци сме на екстремно брзото ширење на интернет мрежата насекаде во светот а со тоа и зависноста на човекот од услугите што ги нуди интернет технологијата станува сè поголема. Алчноста на обичниот корисник по "брз интернет" е објасниво голема и сфатлива, земајќи го во обѕир темпото со кое се движат информациите и изнаоѓањето на новата технологија.


Историја и археологија

Како што на тетрадрахмите на Филип II во портретот на Зевс може да се препознае ликот на Филип, така и кај сребрените монети на Александар III Македонски во ликот на Херакле може да се препознае самиот Александар. Всушност Филип II и Александар III се првите владетели во Европа кои по примерот на персиските сатрапи (кралеви) ќе почнат на монетите да ги ставаат своите ликови, што ќе го следат и другите владетели по нив, сè до денес.


Медицина

Замислете го денот кога вашиот хирург ќе ви направи бајпас на срцето додека вие седите на илјадници километри оддалеченост од него. Тој ден можеби наскоро ќе дојде.


Телекомуникации

Иако на пазарот веќе се појави модел од истата серија само со назнака T68i кај кој се вклучени многу повеќе опции, ви нудиме краток осврт на моделот T68m кој ја навести оваа серија и го вивна конгломератот Sony Ericsson во врвот на листата на производители на мобилни телефони.


Екологија

Минералната вода "Давина" е вистински извор на свежина и минерали, беспрекорно чиста вода и корисна за функционирањето на човековиот организам. Името на водата доаѓа од локалитетот Давина кој се наоѓа во непосредна близина на фабриката. Во римскиот период таму се собирала водата што потоа преку аквадуктот се пренесувала до Калето. Луѓето од овој крај кулите во Давина ги нарекувале водени кули.


Макетарство и моделарство

Приказ на воздухоплов заедно со земниот персонал, разни возила, алат за сервисирање и опслужување на воздухопловите, детали на отворени капотажи и поклопци на мотори и кабини, складишта за оружје, хангари и работилници, згоди и незгоди на теренот – сето тоа претставува вистинско искушение и врвен дострел што макетарите можат да го постигнат во својата определеност да ја прикажат реалноста во даден размер со сите атрибути што ја чинат.


Математика

Нашиот редовен читател Зоран Стоилов од Свети Николе повторно нè изненади со точни решенија на задачите од летниот двоброј на ЕМИТЕР, па како награда му доделуваме полугодишна претплата на нашето списание. Честитки за точно решение на задачите број 20 и 21 исто така заслужува и Коцев Јован од Неготино, кој што добива укоричен комплет од претходните броеви на ЕМИТЕР.


За најмладите

Стариот грчки механичар Херон Александриски, пронаоѓачот на водоскокот кој што го носи неговото име, ни оставил опис за два духовити начини со помош на кои египетските свештеници го лажеле народот влевајќи му верба во чудата.


За најмладите

По совладувањето на основите на работата по Windows околината и работата со апликации предвидени за овој оперативен систем, корисникот може да се впушти во откривањето на тајните на Word. Текст процесорот Microsoft Word во моментот е еден од најраспространетите и најкорисните текст оператори во светот.


За најмладите

Со помош на оваа машина криминалистите денес можат во 90% случаи да откријат кога обвинетиот ја кажува вистината, а кога лаже. За преостанатите 10% главно виновен е еден закон


За најмладите

Феноменалниот скок на коефициентот на интелегенција (IQ) кој во светот се забележува во последните десетина години, неделникот NEWSWEEK го објаснува со распространување на видеоигрите од типот на Тетрис. Авторот на тетрисот Алексеј Пажитнов сега живее во Америка.


Телекомуникации

Digital Radio Mondiale (DRM) претставува конзорциум формиран во 1998 година од страна на релевантни субјекти: BBC, Deutsche Telekom, Deutsche Welle, Europe 1, Fraunhofer Institute, Harris, JVC, NHK (национална радиодифузија на Јапонија), Radio Canada, Radio France, RAI, Sangean, Sony, Telefunken, Teracom, Thomcast и други, со цел да се проектира и имплементира унифициран стандард за дигитална радиодифузија во фреквенцискиот спектар под 30 MHz, кој ќе може да ги искористи (со мали модификации) постоечките AM предаватели.


Писма
Активна свртница и сабвуфер
Погрешно интегрирано коло во инфрацрвената бариера
Трансмисиона линија, PC аудиомерења и CLIO