Рубрика: Телекомуникации
Дигитален пренос на слика и звук (5): Digital Broadcasting Television - Handheld
Автор: Дарко Мајстороски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Желбата на човекот да може да ги гледа своите омилени телевизиски програми и кога не е во својот дом покрај својот телевизиски апарат, од пред неколку години веќе стана остварлива. DVB-H технологијата е таа која овозможи луѓето, без разлика на тоа каде се наоѓаат да можат без поголеми проблеми (извлекување на долги антени и носење на три пара резервни батерии со себе) да ги следат ТВ-содржините. DVB-H во некои европски држави веќе е реалност, а во повеќето од нив е во експериментална фаза. Па, додека да дојде моментот кога ќе се овозможи и кај нас да уживаме во благодетите на DVB-H, не ви останува ништо друго освен со вашето омилено списание ЕМИТЕР барем теоретски да се подготвите за убавините што нé чекаат.

DVB-H кој е наменет за рачните (handheld) уреди е најновиот од групата на DVB стандарди кои го дефинираат дигиталниот пренос на аудио/видеосодржини. Официјално е стандардизиран во 2004 година како EN 302 304, и како и останати DVB стандарди е плод на меѓусебната соработка на EBU, ETSI и CENELEC во таканаречениот JTC (Joint Technical Committee). Според својата содржина и улога претставува еден вид на продолжение на DVB-T стандардот, меѓутоа приспособен за употреба на малите рачни уреди. Целта на неговото усвојување била да се направи таков систем кој ќе биде компатибилен со постојниот DVB-T, но кој ќе овозможи гледање на ТВ-сервисите преку преносните и мобилните уреди. DVB-T системот е добар, но бара од приемната страна поголема потрошувачка на електрична енергија. Бидејќи кај преносните и мобилните уреди батериите се со ограничен капацитет, новиот систем требало да го исполни условот да има мала потрошувачка на енергија. Освен тоа, овој систем требало да овозможи квалитетен прием и на отворен и во затворен простор, како и при движење во возило со поголема брзина. Проблемот да биде поголем, приемната антена требало да биде мала и ненасочена, што уште повеќе го отежнува квалитетниот прием.

Можеби барањата за овој систем ви изгледаат неостварливи, но со користење на две понови технологии се исполнуваат овие барања

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.