Рубрика: Телекомуникации
Дигитална телевизија (2)
Автор: Слаѓан Митиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Веќе дваесетина години, помеѓу ТВ и радио стручњаците и упатените потрошувачи јасни се предностите кои би ги давал дигиталниот систем на пренос. Во последно време конечно доаѓа до појава на потполно дигитални ТВ системи со сите свои предности. Зборот "дигитално" се повеќе се слуша помеѓу радио и ТВ стручњаците кои се надеваат дека дигиталната техника потполно ќе ја потисне аналогната, како што се случи во последниве десетина години со грамофонските плочи. Пред вас е вториот дел од написот посветен на проблемите кои се јавуваат во дигиталната телевизија, начинот за нивно надминување како и предностите на овај систем.

Дигиталниот пренос на гледачот ќе му овозможи многу поголем избор при гледањето на програмата. Во спортот на пример гледачот сам може да го одбере аголот на гледање од четири можни, а може и истовремено да ги набљудува на екранот сите четири дела. Вакви системи од скоро се нудат во западна Европа. Со ова, во ТВ системот се воведува и доза на интерактивност, затоа што гледачот може сам да ја режира програмата. Ако во системот се вметне и модем, со помош на телефонска линија може да се воспостави и повратна врска. Со ова гледачите многу ефектно и едноставно можат да се вклучат во гласање за разни избори и натпревари.

Инженерот на Кодак, Стивен Сасон, ја држи првата изработена дигитална камера што токму тој ја дизајнирал

Покрај овие "козметички" предности, дигиталната телевизија нуди и исклучително квалитетна слика, скоро на ниво на студиски квалитет. За ваквиот сигнал успешно да се пренесе до гледачите , потребен е пренос од 10 до 15 Mbit/s. Со оваа брзина сигналот на приемот е значително послаб од оној во студиото. Ако на истиот носител се емитуваат повеќе канали сигналот губи во квалитетот, но сликата е доволно добра дури и при 8 сигнали на еден канал.

Сигурно е дека многу ТВ-програми ќе бидат скремблувани за да се обезбеди претплата на дадените услуги. Од други можности тука е и компјутерскиот приклучок за репрограмирање и сервисирање, но и MPEG2 дата излезот за компјутер кој овозможува зачувување и обработка на сигналот.

Единствени на кои новата технологија не им одговара се сервисерите кои тешко ќе се снајдат со толку сложени и софистицирани уреди, но тоа е мала жртва за она што новата технологија го нуди.

Сакале вие или не, дигиталната телевизија сигурно доаѓа.

Клучни зборови:
Инженерот на Кодак, Стивен Сасон, ја држи првата изработена дигитална камера што токму тој ја дизајнирал

Инженерот на Кодак, Стивен Сасон, ја држи првата изработена дигитална камера што токму тој ја дизајнирал

Посредниот излезен уред за првата дигитална камера, дизајниран од страна на Кодак во 1975 година.

Посредниот излезен уред за првата дигитална камера, дизајниран од страна на Кодак во 1975 година.

Првата дигитална камера денес може да се види во Смитсонијан Националниот музеј на американската историја

Првата дигитална камера денес може да се види во Смитсонијан Националниот музеј на американската историја

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.