Емитер 9-12/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дигиталниот пренос на телевизиска програма веќе почнува да се користи во многу Европски земји. Дигиталната телевизија овозможува користење на многу услуги во полза на потрошувачите, како што се: теле шопинг во вистинска смисла на зборот со посредство на ТВ приемникот и телефонска линија, разни трансфери, е-маил и слично. Покрај другото, секако дека гледачите се во можност да гледаат слика со подобар квалитет, а исто така и преносот на звук е со многу голем квалит. Во поглед на бенифициите, со дигиталната телевизија не се изоставени и сопствениците на телевизиските програми, кои преку разни системи за наплата можат да ја штитат целосната или дел од својата телевизиска програма.
Иако за преод од аналогната на дигитална телевизија е потребно време, развиените Европски земји полека но сигурно работат на таа проблематика. Презафатеноста на радио спектарот е главна пречка за поставувањето на дигитални ТВ предаватели (терестриална телевизија), но тоа не значи дека не можат да се најдат решенија. Како и да е, дигиталниот пренос на телевизиска програма или DVB (Digital Video Broadcasting) покрај како терестриален (DVB-T, Digital Video Broadcasting Terrestrial), денеска веќе интензивно се применува како сателитски пренос (DVB-S, Digital Video Broadcasting Satellite), а исто така и како кабловски пренос (DVB-C, Digital Video Broadcasting Cable). Посебно DVB преку сателит (DVB-S) во последните неколку години зема многу голем замав, така што речиси целокупните постојни сателитски програми полека се преориентираат на дигитален пренос. Сателитската програма на нашата Македонска телевизија исто така се емитира во дигитален формат.
Во овој напис даваме осврт кон постојниот аналоген ТВ пренос, збориме за начинот на којшто се создава DVB сигналот, откриваме што е тоа редундантна редукција, што е ирелевантна редукција, како се одвива хиерархиското кодирање, како оди компресијата на аудио во DVB и кои се DVB-преносни патишта.
Еден ден очигледно и ние ќе мора да имаме дигитална терестријална телевизија. Се разбира дека за преод од аналогната на дигитална телевизија е потребно време. Најверојатно во прво време ќе постојат само посебни декодери за дигитална терестријална телевизија како што е случај со сателитските приемници, кои во комбинација со постојните телевизиски приемници ќе ја вршат својата функција. Бо, во иднина очигледно дека и телевизиските приемници ќе бидат дигитални.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-12/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.