Рубрика: Телекомуникации
Дигитален пренос на слика и звук (1): Дигитализација и компресија
Автор: Дарко Мајстороски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сведоци сме на сé поголемата употреба на дигитализирана слика и звук во секојдневниотживот на човекот. Тоа е процес кој неповратно оди напред, и порано или подоцна ќе ги опфати сите области, каде што има потреба од користење на слика и звук. Иако за ова е пишувано и во поранешните броеви на ЕМИТЕР, во овој и наредниот број ќе ви дадеме поцелосен преглед на самата постапка на дигитализација, на компресијата и на преносот до крајниот корисник (преку сателит) на аудиовизуелните содржини.

Како што напоменавме, оваа постапка може да ја разделиме во три чекори. Прв е процесот на самата дигитализација на аналогната слика и звук. Оваа постапка е пропишана со ITU-R 601. Овој документ е, всушност, препорака на Меѓународната унија за телекомуникации и претставува еден вид библија за видеодигитализацијата. Тој се сретнува во речиси секој документ каде што се пишува за дигиталната телевизија. Како дополнување на оваа препорака е и ITU-R 656, каде се дефинираат интерфејсите за конверзија на компонентните видеосигнали во 4 : 2 : 2 дигитален формат. Во последно време можеби и нема потреба од овој чекор, бидејќи сè поголем број на аудиовизуелни содржини се создаваат оригинално во дигитален формат. Но, заради подобро разбирање на процесот на дигитализација, накратко ќе го објасниме.
Следен чекор е вршење компресија на дигитализираниот материјал и создавање на MPEG низата. Овој дел е покриен со MPEG-стандардите (MPEG 1, 2, 4..).
Третиот чекор е здружувањето на дигитализираната слика и звук, со дополнителни податоци, нивното модулирање и каналско кодирање. Ова е покриено со DVB стандардите (DVB-S и S2 за сателитско емитување, DVB-T за терестријално, DVB-C за кабелско итн).

Дигитализација на сликата и звукот

Дигитализацијата на РВ сликата се врши со земање на одбироци (sample) од видеосигналот. За 4 : 2 : 2 системите, согласно препораката ITU-R 601, одбироците се земаат со фреквенција од 13,5MHz за сигналот на осветленост (Y) и 6,75MHz за сигналот со колор информација (U и V). Ова значи дека после секој Y одбирок еднаш се зема Cb, а вториот пат Cr одбирок (YCbCr е официјалното означување за луминентната и колор диференцијалните компоненти во ITU-R 601). Квантизацијата на одбироците се врши униформно во 8 бита, иако е предвидена можност за квантизирање и со 10 бита, што малку би го подобрило квалитетот, но би зафатило 20% поголем мемориски простор....

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.