Омнибус

Транзит на Меркур;
Jeep Compass - вистинска ориентираност;
Хебл откри далечни екстрасоларни планети;
Процесори со 4 јадра од Интел;
Производите на Интел со логото на пингвинот;
Блутут доби ривал;
Крстосувачка ракета RATTLRS;
TOSHIBA претстави тенок HD DVD оптички уред за лаптоп;
Car-audio новитети на KENWOOD;
Прекрасна фотографија на галаксијат Вител (М51);
New Horizons го здогледа Плутон;
Vista 8 на Studer;


Автомобилска техника

Име кое многу зборува. Неговото поле на дејствување првенствено е она што не се забележува на прв поглед на автомобилот, а тоа е: мотор, потпирање на каросеријата, управување, пренос на силината, кочењето на автомобилот - типично класично машинство. И тука ги создаде своите ремек-дела. Големо и незаобиколно име во историјата на автомобилите. Прогласен е за конструктор на 20 век. Уметник и мајстор на својот занает, одличен дизајнер на мотори кој го развил народниот автомобил.


Автомобилска техника

Менаџментот (управувањето) на моторот е незамисливо без присуството на Роберт Бош на автомобилската сцена. Уметност е да се размислува глобално или, да се најде заедничкиот именител на автомобилите и да се дејствува во таа насока како глобален добавувач на разни системи и потсистеми кои се неразделен дел на она што денеска го нарекуваме автомобил. Денеска неговата фирма е империја без која не може да се замисли современиот автомобил.


Аеронаутика

За потребите на Военото воздухопловство на Кина, во тек е конкурс за школско-борбен авион од новата генерација, кој ќе поседува современи аеродинамички перформанси и авионика, чија намена ќе биде изведување на напредна преодна обука на пилотите кои ќе летаат на современите авиони Su-27, Su-30 и J-10. Во тесна конкуренција се натпреваруваат две тотално различни летала L-15 и JL-9, кај кои е применет потполно различен развоен приод.


Астрономија и астронаутика

Доколку погледнеме во некоја литература од пред само 10 години, ќе прочитаме дека Јупитер има 16 сателити, а Сатурн 17. Пред две години, за Сатурн го имавме податокот дека околу него има 34 месечини. Денес, најновите податоци кажуваат дека околу Сатурн кружат 46 сателити, а додека околу Јупитер дури 63. Никој не можел да предвиди дека целото тоа семејство на Сонцето, има толку голем број на членови кои талкаат низ огромните сенки.


Астрономија и астронаутика

Директорот на НАСА, Мајкл Грифин, соопшти дека се почнати подготовките на петта и последна сервисна мисија до Хабл, која се планира за мај 2008 година.


Астрономија и астронаутика

M1 Crab Nebula (каталошка ознака NGC1952, Taurus A), е остаток од супернова кој се наоѓа во созвездието Бик (Taurus). Тој објект претставува единствен остаток од супернова кој е внесен во каталогот на Месиеовите објекти, а воедно претставува и засебна категорија - остаток од супернова). Лоциран е на оддалеченост од 6300 светлосни години или 2 килопарсеци (кпц) од нас. При настанокот на суперновата сјаела силно и била видлива дури и преку ден.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на минувањето на Месечината низ Плејадите.


Аудио и видеотехника

Честопати кога гледате некоја емисија или филм се прашувате зошто на екранот се јавуваат црни ленти на врвот и на дното, или лево и десно или, пак, изобличувања на сликата? Понудениот текст е обид да ви даде одговор на прашањето!


Аудио и видеотехника

Harman Kardon ја надополни својата понуда на A/V рисивери од серијата AVR со три нови модели кои ги имаат ознаките 745, 645 и 445. Сите модели се опремени така што поддржуваат цела низа нови и напредни технологии и нудат широки можности за спојување.


Аудио и видеотехника

AKG K81 и K181 претставуваат иновативен и функционален пар слушалки за ди-џеи со одличен дизајн. Вербата во марката со долгогодишно искуство во својата бранша е потврден со одличниот звучен квалитет, како примарна карактеристика на слушалките.


Електроника

Школото за електроника оди чекор по чекор напред во запознавањето со нови електронски елементи, со нивната функција и примена во реални кола. Сега е моментот да се запознаете со една нова групација елементи, наречена тиристори. Како олеснување нека ви послужи фактот дека за конструкцијата на тиристорите се користи истата технологија како и за биполарните транзистори. Тие се сметаат за следбеници на застарените и целосно исфрлени од употреба тиратрони - електронски цевки полнети со гас.


Електроника

По барање на повеќе наши читатели за изработка на гитарски засилувач, тргнав во потрага по добра електрична шема за изработка на проект на комплетен, квалитетен, доволно моќен и пренослив гитарски засилувач т.н. "COMBO". Гитарскиот засилувач во овој проект е проектиран така да задоволи колку што е можно повеќе барања поставени од страна на повеќе гитаристи, а тие се: да е доволно моќен, да дава соодветна боја и квалитет на звукот, да е доверлив (сигурен), компактен, лесен за транспорт итн.


Електроника

Не треба многу да говориме за значењето на исправноста на заземјувањето на една електрична инсталација, тоа се наметнува само по себе. Меѓутоа, во просек, многу малку му придаваме важност на квалитетно и исправно заземјување, на него се потсеќаме само тогаш кога ќе настане некоја хаварија на приклучениот уред или кога ќе претрпиме струен удар.


Електроника

Дел од влезната енергија во изворите за напојување се претвора во топлина. Тоа значи дека уредите кои не користат моќни компоненти и тела за ладење можат да дадат мала излезна струја кога разликата помеѓу влезниот и излезниот напон е голема. Со неколку евтини компоненти и трансформатор со два секундарни напони овој недостаток може да се отстрани.


Електроника

Станува збор за електронски уред наменет првенствено за почетници. Со изработка на уредот, секој почетник ќе стекне искуство потребно за работа со CMOS интегрираните кола. Ова е уред чија намена е да генерира мелодичен аудиосигнал кој може да се користи за звучна сигнализација. Неговата примена е неограничена и може да се користи како ѕвонче за влезна врата, звучна сигнализација кога некој ве бара на телефон...


Информатика

Досега телевизијата беше дистрибуирана преку копнен систем, кабел или сателит. Несомнено, брзиот технолошки развој, зголемувањето на брзините на интернет конекциите, намалувањето на трошоците за конекција (речиси секаде во светот) и зголемената интернет пенетрација, придонесоа кон отворање нови можности за трансфер и дистрибуција на видеосодржини. Една од алтернативите на стандардните ТВ-дистрибуции е Internet Protocol Television (телевизија преку интернет протокол) или, едноставно, IPTV.


Информатика

Настаните и откритијата наназад низ времето оставаат еден перманентен отпечаток во селективната меморија на човековото постоење, кои ни укажуваат на грешките што генерациите ги правеле, но и на чудесните и неверојатни моменти кои следните генерации ќе ги наследат. Во овој напис, вас почитувани читатели, ќе ве прошетам низ времето и моментите на клучните откритија во информатичката технологија.


Информатика

Без разлика дали сте сопственик на мало претпријатие и сакате услугите кои ги нуди вашата компанија да ги презентирате на интернет или пак едноставно имате желба со пријателите да ги споделите вашите искуства од летниот одмор, изработката на веб презентација со соодветната содржина би било идеално решение. Сепак, ангажирањето на професионални веб дизајнери често знае да биде скапа инвестиција.


Информатика

Верувам дека многумина ќе се согласат со мене дека водењето на домашниот буџет воопшто не е лесна работа. Сите оние кои ги водат домашните финансии понекогаш ќе се запрашаат, кога и каде успеале да ги потрошат планираните пари. Можеби програмот што ќе имате прилика да го видите, и верувам да го направите, ќе ви помогне во поуспешно евидентирање на месечните, но и годишните трошоци. Со мали модификации, истиот програм е можно да се искористи и при работењето на помали фирми.


Информатика

За квалитетот на печатачите кои доаѓаат од производните погони на светскиот лидер во производство на врвни печатачи, Hewlett Packard (HP), верувам дека нема потреба посебно да се зборува. Оваа компанија, во својата голема и разновидна понуда, секогаш нуди производи кои ќе ги задоволат вкусовите и потребите на корисниците во домашни услови, но и на бизнис-корисниците.


Фототехника

HP Photosmart M627, како еден од најновите модели во понудата на ХП, со своите можности, квалитети и практичен изглед, гарантира многу забавни и креативни моменти поминати со него.


Климатологија

Дали под дејство на човечки фактор е стопиран природниот тековен циклусен климатски тренд од наизменична промена на студени и топли климатски периоди? Одговор на тоа прашање ни дава Вилијам Радиман (текст во рамка), кој во списанието Scentific American излезе со свој напис: "Дали луѓето ги стопирале ледените периоди"? Ќе го проследиме неговото излагање во најглавни црти.


Психологија

Една од познатите тајни во психологијата е неможноста како по кој критериум да се предвиди кој ќе успее во животот. Поаѓајќи од претпоставката дека постои поврзаност помеѓу количникот на интелигенција IQ (ментална надареност) и успехот во животот, тогаш голем број луѓе со висок IQ би очекувале да бидат екстремно успешни. Но, тоа не значи дека би биле и исклучително вешти водачи во животот воопшто, или дека не би направиле нешто ирационално, до крајна, екстремна глупост.


Автомобилска техника

Käfer, Maggiolino, Beetle, Bug или Pulguita се светските називи на, без сомнение, најпопуларниот и, според многу избори, автомобилот на столетието што измина. Бубата е автомобилот кој секогаш измамува насмевки и за кој се вели дека никогаш нема да излезе од мода.


Аудио и видеотехника

И покрај големиот број на написи во ЕМИТЕР кои се однесуваат на градба на звучни кутии, сепак, авторот на овој напис секојдневно се среќава со бројни докази дека добар дел од "нашите" домашни градители се користат со "екстрасензорски" феномени и "финти" за да изградат некоја звучна кутија.


Телекомуникации

Сведоци сме на сé поголемата употреба на дигитализирана слика и звук во секојдневниотживот на човекот. Тоа е процес кој неповратно оди напред, и порано или подоцна ќе ги опфати сите области, каде што има потреба од користење на слика и звук. Иако за ова е пишувано и во поранешните броеви на ЕМИТЕР, во овој и наредниот број ќе ви дадеме поцелосен преглед на самата постапка на дигитализација, на компресијата и на преносот до крајниот корисник (преку сателит) на аудиовизуелните содржини.


Писма
Грее отпорникот R22 во функцискиот генератор FG-95
Критики
Поврзување на ласерскиот аларм
Самоградба на магнети
Некаков звучник од 12 инча