Емитер 1/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Käfer, Maggiolino, Beetle, Bug или Pulguita се светските називи на, без сомнение, најпопуларниот и, според многу избори, автомобилот на столетието што измина. Бубата е автомобилот кој секогаш измамува насмевки и за кој се вели дека никогаш нема да излезе од мода.
Приказната за Буба започнува пред Втората светска војна, за време на владеењето на Национал социјалистичката партија во Германија, чијшто лидер Адолф Хитлер, за првпат и се обраќа на германската нација токму на Берлинското мотор шоу во 1933 година и во таа пригода ветува дека наскоро секое германско семејство ќе има автомобил. Подоцна, своето ветување Хитлер го проширува и со зборовите дека ако ниту еден германски производител на автомобили не е во состојба да направи народен автомобил (volkswagen) кој би чинел не повеќе од 1000 рајхсмарки, тогаш тоа ќе го направи државата!
Со таква цел, Здружението на германските автомобилски производители во 1934 година се договара со генијалниот австриски инженер Фердинанд Порше. Овој, според договорот, во рок од 10 месеци требало да изработи три прототипи на автомобили според строго утврдени спецификации: да биде наменет за 4 лица, да постигнува 100km/h, да е способен да совлада нагорници од 30%, да има меѓуоскино растојание од 2500mm и да троши најмногу до 8 литри на 100 изминати километри...
Еволуција на популарната "Бубачка"
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.