Од денес, 15.11.2012, Порше Македонија ја збогати својата понуда со долгоочекуваниот модел на Volkswagen – Golf 7, седмата генерација на кралот на компакт класата – VW Golf и миленик на Европа, и луксузното возило од гамата на Audi – моделот Audi А3. Промоцијата на овие два модела за македонскиот пазар беше одржана во салонот на Порше Македонија во Скопје. На неа на присутните им се обратија Винко Марашевиќ, бренд-менаџер, и Александар Цветковски , продукт-менаџер.
Golf 7 е најлесната и најекономичната верзија од Golf понудена некогаш. Се работи за врвно возило со атрактивен изглед и нов редизајниран имиџ, подобрена удобност и безбедност, унапредени системи за забава и со зголемен капацитет на багажникотод 380 литри. Со должина од 4,255 m, ширина од 1,799 m, како и меѓуоскино растојание од 2,637 m, Golf 7 е подолг и поширок од својот претходник, покомфорен, побезбеден и позабавен за возење.
Golf 7 се одликува со елегантен дизајн, ергономија и беспрекорна изработка. Kупувачите, меѓу другото, во пакетот на опрема ќе може да добијат и адаптивен темпомат, систем кој го предвидува судирот и ги затегнува ремените и ги затвора прозорците, систем што го предупредува возачот дека ја сменил лентата во која дотогаш возел, систем за препознавање на сообраќајните знаци, како и систем на автоматско запирање во град (при брзини до 30 км/ч).
Новиот Golf е заснован на потполно новата и долго најавувана платформа (MQB) – модуларна напречна матрица која на групацијата Volkswagen и носи нови заштеди и сите предности на модуларната изградба на автомобили. Благодарение на употребата на челик со висока цврстина, вкупната тежина на Golf 7 е намалена за дури 100 килограми во однос на претходникот, додека потрошувачката на гориво е намалена за 13,9 % во просек, додека некои верзии се поекономични и за 23 %.
Новиот Volkswagen Golf 7 доаѓа во две дизел и две бензински опции. Така, може да се избере помеѓу 1,2 литарски TSI мотор од 85 КС и 1,4 литарски ТSI мотор со 140 КС со технологија за деактивација на два цилиндри. Потрошувачката и кај двата агрегати изнесува 4,9 односно 4,8 литри на 100 километри. Понудата на дизел моторите ја сочинуваат 1,6 TDI со 105 КС и 2.0 TDI со 150 KС, за кои потрошувачката е од 3,8 литри до4,1 литри на сто километри, соодветно. Најекономичниот модел е "Golf BlueMotion", со комбинирана потрошувачка со 3,2 литри на сто километри и емисија на јаглерод диоксид од само 85 грами на километар.
Audi А3 е врвен модел со ултрамодерен дизајн, моќност, удобност и импресивна стабилност. А3 е синоним за иновативна технологија и бескомпромисна перфекција во деталите. Ултралесната технологија на Audi овозможи да се намали тежината на атрактивниот автомобил во споредба со претходникот, па така новиот А3 е 80 килограми полесен. Формата на автомобилот ги потенцира спортскиот карактер и моќноста на новиот А3, кој е долг 4,24 метри. Дизајнот е непретенциозен, со конкретни линии, а неговиот висок квалитет и иновативност се огледуваат во секој детаљ. Внатрешноста нуди чувство на динамичност и привлекува со комплетниот редизајн на ентериерот, комбинирајќи ја естетиката со функционалноста. Новите отвори за вентилација во ЈЕТ дизајн особено го истакнуваат стилскиот ентериер.
Моторите се со ултранова технологија и ниска емисија на CO2. Audi А3 се нуди со два бензински TFSI мотори – 1,4-литарски со 122КС и 1,8-литарски со 180КС, како и два дизелски мотори 1,6 TDI со 105 КС и 2,0 TDI со 150КС. Моторите комбинираат повеќе ефикасни технологии: директно вбризгување, турбо полнач, иновативно термичко управување и старт - стоп систем. Помоќниот бензински мотор забрзува од 0 до 100 km/h за 7,2 секунди, а се раководи со седум степен автоматски менувач, S-Tronic со двојна спојка. Останатите понуди се со шест степен мануелен менувач. Одлична вест претставува и фактот што Audi ја намали потрошувачката на гориво за околу 12 проценти во однос на претходниот модел.
Во областа на имиџот, Audi А3 е надополнет со повеќе стилски додатоци како аудио системот од брендот Bang & Olufsen, MMI навигација плус со 7 инчен дисплеј, надополнети со Bluetooth кој ги поврзува мобилните уреди со автомобилот. Интегрираниот WLAN им овозможува на патниците пристап до интернет, а за возачот Audi Connect обезбедува навигација преку слики од Google Earth и Google точки од интерес, како и пребарување на сообраќајни информации.
Друга технолошка област во која новиот Audi А3 ја докажува својата супериорност со високите перформанси на помошните системи. Дел од системите за помош на Audi се: адаптивниот темпомат, системите за помош при движење во лента и при менување на лента, детекција на сообраќајни знаци, помош при паркирање итн.
Потврда за високиот квалитет и импресивната технологија на возилото се и престижните награди "Златен Волан" и "наградата за најдобар германски дизајн за 2013 година" кои ги освои Audi за новиот А3.
Повеќе информации за овие и други модели од понудата на Порше Македонија може да најдете на нивната интернет страница www.porsche.com.mk