Рубрика: Автомобилска техника
Автомобил - првите 120 години: Ако го немаше ќе требаше да се измисли
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Автомобилот е еден од неколкуте пронајдоци кои го променија човештвото во секоја смисла. Тој е пронајдок кој, несомнено, го подобри квалитетот на живеење на човекот и од кој, на директен или индиректен начин, егзистираат милиони луѓе ширум светот. Годинава се одбележува 120-годишнината на автомобилот, па по тој повод ЕМИТЕР со неколку статии ќе потсети на луѓето, настаните и на некои легендарни автомобили кои сами за себе се повеќе од доволна причина да им се посвети малку внимание.

Автомобилот е пронајдок кој се издвојува во историјата на човекот и со тоа што околу себе собира голем број на луѓе со разни професии. Оттаму, сосема е јасно дека за еден така комплексен производ како што е автомобилот, во кој се применуваат знаењата од повеќе индустриски гранки, фактички е невозможно да се прикаже дека е дело само на еден човек. Сепак, официјалната историја на автомобилизмот го забележува 29 јануари 1886 година како роденден на автомобилот. Имено, на тој ден Карл Бенц (1844 – 1929) под реден број 37435 го пријавува својот патент за моторно возило. Со тоа, неговиот изум ги спојува возилото и моторот како една целина за која понатаму ќе се потврди дека фактички е неразделна. Патентираниот автомобил имал три тркала, а за задвижување користел едноцилиндричен мотор со внатрешно согорување кој бил сместен назад и располагал со моќност од 0,88 КС.

Првата 'кочија без коњи' – првиот автомобил задвижуван со мотор со внатрешно согорување, дело на Карл Бенц

Инаку тежнеењето на човекот за олеснување на движењето низ просторот е карактеристика на сите цивилизации, а секако дека непроценлив придонес кон почетокот на остварувањето на тие цели е пронаоѓањето на тркалото. Од него тргнуваат сите натамошни идеи за разно-разни движечки превозни средства. Се оди дотаму што дури и визиите, плановите и теориите на Леонардо да Винчи од крајот на 15 век се споменуваат и се сметаат како претходници на системите кои го чинат автомобилот кој се појавува неколку века подоцна. Големо доближување до возилата какви што ги познава светот денеска претставува појавата на парната машина која во 19 век придонесе не само за индустриска, туку и за вистинска револуција на  патниот и транспортниот сообраќај. Парниот котел и погонските механизми биле предизвик за многу конструктори да разработуваат свои решенија за други транспортни потреби.

Свој придонес кон доближувањето на крајната цел дава и германецот Николас Ото (1822 – 1891) кој во 1876 година се запишува во историјата на автомобилизмот како конструктор на првиот практичен едноцилиндричен четиритактен мотор со внатрешно согорување. Нешто подоцна Рудолф Дизел (1858 – 1913) конструира погонски агрегат кој го заменува дотогаш незаменливиот парен мотор. Својот изум го патентирал во 1892 година, но изминал речиси половина век додека се нашол вистинскиот начин за негова примена во автомобилската индустрија.

Клучни зборови:
Првата 'кочија без коњи' – првиот автомобил задвижуван со мотор со внатрешно согорување, дело на Карл Бенц

Првата 'кочија без коњи' – првиот автомобил задвижуван со мотор со внатрешно согорување, дело на Карл Бенц. Во суштина овој автомобил се смета за првиот 'Мерцедес'!

Моделот Т на Форд е еден од најпопуларните модели на светот на сите времиња, заслужен за омасовување на автомобилите и воведување на подвижна производна лента

Моделот Т на Форд е еден од најпопуларните модели на светот на сите времиња, заслужен за омасовување на автомобилите и воведување на подвижна производна лента

Подвижната производна лента во погоните на Форд

Подвижната производна лента во погоните на Форд

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.