Ако имате вешти раце, смислa за поправки и некое пристојно техничко образование (или практична наклоност кон техниката), тогаш, многубројни се причините зошто треба самите да си го поправате својот автомобил. Ќе наведам неколку: презафатеност на сервисите за поправка на автомобили, релативно скапите поправки, сигурноста во исходот на поправката во сопствена режија, способност да оцените или да го поправите автомобилот кога дефектот ќе се случи ненадејно на отворен пат, при поправките детално го запознавате вашиот автомобил, со што непријатните изненадувања секогаш се сведени на минимум итн.
За секој емитерџија, и не само за него, доколку условите му дозволуваат, од непроценливо позитивно значење е самиот да си го поправа својот автомобил. Притоа, детално го запознава своето возило, при што осознава до каде може да се потпре на “услугите“ од својот автомобил, точно знае колку е безбеден автомобилот, го штеди домашниот буџет, поштеден е од долгите чекања да дојде на ред, а потоа и да се поправи автомобилот во сервис и на крајот, и најважно: до последни ситници и детали, сигурен е во својата поправка и во безбедноста на своето возило. За непријатните изненадувања на отворен пат, коишто непрестајно нè демнат, единствено можеме да кажеме дека возачот-мајстор до крај ужива во своето патување и се радува на тоа затоа што е сигурен во своето возило, а и нешто наопаку да тргне, тогаш би го поправил и би продолжил со патувањето на задоволство на сите. А и еден друг многу значаен момент е важен за оној што сам си го поправа својот автомобил, а тоа е дека шансите за успех кај женската популација му се значително поголеми отколку на “обичниот“ возач :-)
ЕМИТЕР секогаш го почитува и го протежира принципот “Поправи сам....“. Овој напис редовно е застапен во неговите содржини. И уште повеќе, ЕМИТЕР постојано ги поттикнува своите читатели час поскоро да се осмелат и да почнат да си ги поправаат своите технички помагала, а во рамките на тоа, и своите автомобили. Во повеќе наврати имаме пишувано за тоа како да си го одржувате и да го поправате својот автомобил. Ќе се потсетиме на тие написи. Ќе започнеме со серијалот “Поправка и одржување на автомобилите“, кој имаше вкупно 15 продолженија и редовно одеше во ЕМИТЕР почнувајќи од бројот 7-8/08 до бројот Е3/10. Серијалот беше поделен на карактеристични области од сферата на поправката на автомобилите и одеше како што следува:
– Пред да се почне со поправката, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=595
– Рутински контроли и сервисирање, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=526
– Моторот не стартува, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=498
– Моторот губи сила и престанува со работа, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=471
– Моторот тешко стартува, немирно работи и нема силина, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=411
– Моторот ненадејно откажува со својата работа, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=151
– Пораки од сигналните светилки на инструмент таблата,
www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=208
– Нешто не е во ред со спојката, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=264
– Неисправност на системот за управување, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=299
– Поправка на системот за управување, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=117
– Кочниците слабо сопираат, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=355
– Одржување на паркирната кочница, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=974
– Нагодување на системот за кочење, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1551
– Одржување на системот за потпирање, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1648
– Одржување на системот за ладење на моторот, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1672
– Осигурувачи, електростартер и алтернатор www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1703
– Светлосна сигнализација и електромеханички системи, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1775
– Одржување на каросеријата, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1804
– Возачко секојдневие www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1831.
ЕМИТЕР секогаш го дава она што другите љубоморно го чуваат! Во тој дух, ќе приложам уште неколку интересни самостојни написи објавени во ЕМИТЕР, коишто се однесуваат на поправките и на одржувањето на нашиот автомобил.
– Кога и што да се замени и провери кај нашето возило, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2023
– Толкување на изгледот на свеќичката, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2102
– Проверка на исправноста на термовентилот, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2788
– Виброакустична дијагностика, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3705
– За брмчењето на моторот, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3787
– Изработка на механичарски стетоскоп, www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3830
– Одржување на системот за палење www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2208.
Овие се најкарактеристичните и досега најзначајните написи што ви ги препорачуваме за да го збогатите вашето знаење за автомобилите и практичните вештини при нивната поправката. Се разбира, ЕМИТЕР и во иднина и со несмален интензитет ќе ја третира оваа проблематика којашто секогаш е евергрин тема на задоволство на сите. Затоа, читајте нè и збогатувајте ги вашите знаења и вештини, како за автомобилската техника така и за другите области од науката и техниката.