Емитер 4/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Конечно и кај нас пристигна и почна официјално да се нуди долгоочекуваната дигитална понуда на ТВ-програми. Мразот го пробија кабелските оператори Телекабел и Кејблтел, следени од IPTV понудата на Македонски Телекомуникации. Во овој број правиме осврт на нивната техничко-технолошка опременост, со акцент на дигиталната ТВ-понуда, а истовремено накратко ќе ви ги презементираме и TriplePlay услугите што ги нудат на нашиот пазар овие три оператори.
Почитувани читатели, вашето омилено списание ЕМИТЕР, како единствено домашно списание од областа на техниката и науката, има посебна чест што после повеќе написи во изминативе 2-3 години во врска со дигитализацијата во радиодифузијата, конечно има можност да пишува за дигитализацијата применета во нашата држава. За таа цел во овој број правиме еден осврт на "жичената" радиодифузија кај нас, со посебен акцент на "дигиталната" понуда. За да не ве збуни ова "жичена", со овој термин ги опфаќаме класичните коаксијални кабелски мрежи, како и телефонската мрежа (со всукани парици) преку која за сега само Македонски телеком пренесува и ТВ-сигнали. Бидејќи има поголем број на оператори низ Р.Македонија, ние се одлучивме да се задржиме само на најголемите кои нудат ваков сервис, а тоа се: Кејблтел, МакТелеком и Телекабел (по азбучен ред).
Бидејќи трите оператори воедно се и трипл плеј (triple play) понудувачи на сервиси, во разговорите со операторите се договоривме освен за дигиталната радиодифузија во овој текст, да ја заокружиме целината и со нивните понуди во останатите два сегмента, а тоа се телефонијата и интернетот. Од тие причини во посебно одделените табели се наведени и triple play сервисите на овие оператори.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.