Астрономија и астронаутика

Астрономијата или науката за ѕвездите е најстарата природна наука, која се развива со првите земјоделски заедници на човекот. Користена првично како наука која се занимава со одредување на годишните времиња, за подоцна да се развие во наука која ќе ги набљудува и проучува ѕвездите и со тоа ќе придонесе за развојот на другите природни науки.


Електроника

Во овој напис ќе ги најдете одговорите на прашањата: што е операциски засилувач, какви карактеристики има и кои се најважните параметри од каталозите на производителите што се потребни за да дизајнираме едно електронско коло со овие елементи.


Телекомуникации

Конечно и кај нас пристигна и почна официјално да се нуди долгоочекуваната дигитална понуда на ТВ-програми. Мразот го пробија кабелските оператори Телекабел и Кејблтел, следени од IPTV понудата на Македонски Телекомуникации. Во овој број правиме осврт на нивната техничко-технолошка опременост, со акцент на дигиталната ТВ-понуда, а истовремено накратко ќе ви ги презементираме и TriplePlay услугите што ги нудат на нашиот пазар овие три оператори.


Омнибус

По смртта на Алберт Ајнштајн во 1955 год., неврохирургот Томас Харвеј извршил обдукција на Ајнштајновото тело и притоа го извадил неговиот мозок заради анатомска анализа. Делови од мозокот испратил во тегли со алкохол на неколку угледни невролози за да се обидат да најдат одговор на прашањето: "На што се должи Ајнштајновата генијалност?" Анализите покажале невообичаени наоди во анатомијата на Ајнштајновиот мозок.


Автомобилска техника

Почнуваме со втората серија од Серијалот за поправка и одржување на автомобилите кој ќе содржи нови седум теми. Првата тема од оваа серија ја посветуваме на одржувањето на системот за управување и ќе биде претставена во два написи. Во овој напис, ќе се запознаеме со симптомите кои укажуваат дека нешто не е во ред со овој систем и како истите да ги протолкуваме.


Енергетика

Светскиот пазар на батерии е преокупиран со три технологии: батерии со никел–кадмиум (Ni–Cd) кои имаат 33% од продажбата во 2005 година, батерии со никел метален хидрид (Ni–MH) со 23% продажба, и батерии со литиум–јони (Li–Ion) со 43% продажба. Очигледно е дека малата Li–Ion батерија, комерцијализирана од Сони 1991 година, се наметнува пред Ni–Cd и Ni–MH технологиите. За каква батерија станува збор?


Информатика

Со учество на повеќе од 4300 компании изложувачи, од 69 различни земји, овој месец во Хановер, Германија, се одржа централниот светски настан во информатичко-телекомуникациската индустрија. Иако повеќето светски пазари се погодени од можеби најголемата економска криза во последните неколку децении, сепак, она што можеше да се види во Хановер е знак дека не е сè така црно и дека лидерите во информатичко-комуникациската индустрија нема да се предадат така лесно.


Информатика

Оној момент кога ќе се вклучите на интернет, вашиот компјутер станува цел на разни хакерски напади, вируси, малициозни програми и што сä уште не. Затоа од витално значење за "здравјето" на вашиот PC е софтверот кој го користите за заштита.


Медицина

Повредите и ранувањата се дел од сите војни, несреќи и природни катастрофи. Многумина од жртвите би преживеале, само доколку им била дадена помош на време. Каде што лекарите не можат да стигнат на време, или е премногу опасно, на нивно место доаѓаат роботи – брзи, микроскопски точни и контролирани од вистински хирурзи. Научна фантастика или блиска иднина?


Фототехника

Во минатиот број видовме дека со едноставна еквилизација на нивоата во Adobe Photoshop CS2 или во некој сличен програм за обработка на фотографии, можеме многу лесно да констатираме што и недостасува на фотографијата и истото, во голема мера, да го отстраниме. Оваа постапка, иако примарна, често не е доволна за драстично подобрување на квалитетот на фотографијата. Затоа, најчесто употребуваме уште две основни техники: кропирање и монтажа.


Омнибус

Празникот Велигден секогаш паѓа на различни датуми – можеби нејасно за обичните луѓе, но тоа сепак се одредува според прецизна процедура. Процедурата е чисто математичка и логички произлегува од едноставните формули за календарот, но тука се вклучени и некои правила кои произлегуваат од христијанската религија. Со помош на објаснувањата во овој текст и со едноставна математичка процедура и вие самите ќе можете да одредите на кој датум паѓа Велигден за која било година.


Астрономија и астронаутика

Успешно помина лансирањето на вселенската станица "Кеплер" којашто треба да ни даде појасен поглед во длабоката вселена и појасна претстава за тоа каде и колку се планетите кои наликуваат на Земјата и на кои би можело да се развие живот. Конечно астрономите добија моќна алатка во откривањето на вечното прашање – Дали сме сами?


Астрономија и астронаутика

Астробиолозите и космолозите се сè погласни во тврдењата дека животот на Земјата е "увезен" од вселената. Досега се спомнуваа комети, парчиња од планети и природни сателити кои во вид на метеори пристигнале на Земјата и ја "оплодиле". Најновите обелоденети сознанија се дека изворот на животот на нашата планета е, всушност, астероидот Церес, кој според најновата усвоена номенклатура се нарекува планета-џуџе.


Аудио и видеотехника

Имате потреба да ја поврзете камерата која е на поголемо растојание од ре-портажното возило, имате потреба за поврзување на кам-кордер со студиото за да се вклучите директно во вести (ENG/SNG), снимате филм со електронска камера (E–Cinema Production), за сето тоа и за уште повеќе други намени, интелигентно решение нуди TELECAST со систем кој е во можност симултано да транспортира дигитални и аналогни видеоформати, аудио и видео-податоци, светлосна сигнализација/повикува-ња, сигнали за интерфо


Аудио и видеотехника

Компанијата TV Worldwide го отвори своето најголемо интернет-студио во САД и го опреми со ProHD камери/камкордери на JVC. Станува збор за камерите/камкордерите GY-HD200 и GY-HD250/HD251 кои се погодни за ENG, EFP и студиска примена во СД и ХД системи.


Електроника

Сликата вреди 1000 зборови. Ви претставуваме тркало со формули за најчесто употребуваните големини во електрониката и нивната меѓусебна зависност.


Електроника

Едноставен и евтин индикатор на празна батерија кој лесно може да се модифицира и приспособи за различни напони.


Електроника

Операциските засилувачи се среќаваат речиси во сите електронски склопови, дискретни или интегрирани. Од таа причина, во продолжение се дадени некои принципиелни техники со кои нивната моќност се искористува оптимално.


Информатика

Како што многу често се случува во светот на производителите на врвниот хардвер, речиси истовремено конкурентните компании "исфрлаат" на пазарот, условно кажано по намена и перфоманси, слични производи. Во овој напис ќе ги разгледаме новите линии на професионални графички картички на двата моментално најконкурентни производители во оваа област на пазарот.


Информатика

Првиот поглед врз инженерскиот примерок на EVGA X58 Classified матичната плоча остава импресивен впечаток. Кога ќе се појави на пазарот официјалната верзија, веројатно тоа ќе биде најцелосната и најсестрана платформа за Core i7 процесорите…. и најскапа! Сепак, останува да попричекаме и да видиме…


Информатика

Трендот на креирање на што е можно помали платформи за разни намени почнува да влегува во нова фаза. Или, пак, добива поинакви димензии? Што и да е во прашање, Интел има визија и полека но сигурно ја реализира.


Информатика

Western Digital е реномиран производител на тврди дискови и веќе одамна успеа да се наметне како еден од лидерите во оваа област. Затоа и не зачудува фактот што оваа компанија е секогаш меѓу првите кои на пазарот даваат понуда на тврди дискови со голем капацитет. Овој пат се работи за модел со импресивни 2TB расположив простор за складирање податоци. Ваквата опција претпоставувам дека ќе биде примамлива за многумина, особено за оние кои работат со мултимедијални содржини.


Медицина

Загадувањето може да предизвика длабока венска тромбоза. Ова е откритие на неодамнешна студија спроведена во САД. Нешто повеќе информации за механизмот на длабоката венска тромбоза и околината како фактор на ризик, во текстот што следува.


Телекомуникации

Веќе одамна се свикнавме на можноста да го поврземе лаптоп компјутерот на безжичните мрежи во нашите домови, канцеларии, во хотелите или, пак, во некои кафулиња. Но, ако сте се обиделе да пристапите на WiFi мрежа додека сте во автомобил, автобус или воз, сигурно сте ги забележале проблемите при размената на податоци.


Физика

Деали сме на пат до остварување на еден од најчестите СФ начини на заштита - невидливиот штит којшто го штити објектот од непријателски оган, природна катастрофа експлозија на ѕвезда...?. Оваа интересна тема се појави на листата на научни "топ-теми" уште пред две години. Во минатата 2008 год. таа исто така беше една од топ-темите на американското списание Discover. За што станува збор дознајте од следниов напис.


Омнибус

Фалкон;
Роден плазма транзисторот;
Небото над Македонија во март;
Netys PL UPS за едноставно вклучување на вашите уреди;
Geforce 250 GTS;
Windows 7 - дали ќе биде достапен оваа година?;
"Арбоформ" - течно дрво или биопластика;
Телефони, телефонирање...
Лабораториско одгледување заби;
Мраз на Марс;
Свитливи интегрирани кола;
Рачен мерач на ДНК;
Големата Црвена Дамка на Јупитер се намалува;


Електроника

Пролетта и летото се пред нас. Време за престој во природа, излети и седенки во дворот, а често и за "вртење" месо на ражен. Јадењето е вкусно, ама подоготовката е тешка. Затоа нудиме проект за изработка на регулатор на вртежи со кој можете да направите електромеханички ражен со автоматско вртење на месото. Овој регулатор наместо вас ќе го врти месото со најдобрата брзина за да се добие квалитетно печење.


Автомобилска техника

Согласно со новите прописи во Ф1, од оваа сезона е дозволена употребата на хибриден погон за болидите со строго дефинирани услови на негово користење. Во овој момент во игра се две концепции на хибридниот погон. Едниот е комбинација од моторот СВС потпомогнат со систем од електромотор и батерии (Honda, BMW и Mc Laren), а другиот е комбинација од моторот СВС и механички систем со замајна маса кој ќе се вградува во болидите на Вилијамс (Williams) и за кој ќе стане збор во овој текст.


Електроника

Наспроти волтметарот и осцилоскопот со кои може аналогно да се следи напонското ниво, логичката сонда е типичен дигитален инструмент. Таа овозможува брза и едноставна проверка на логичката состојба во одредена точка на дигиталните кола.


Писма
Како акустичната гитара да ја преправам во електрична
Преправка на сателитски во бас звучници
Напојување за PIC програматор
Прашања за програмата за контрола на релеи
Вградување звучници во автомобил
Функциски генератор со 8038ACP