Рубрика: Електроника
Регулатор на вртежи на електромеханички ражен
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пролетта и летото се пред нас. Време за престој во природа, излети и седенки во дворот, а често и за "вртење" месо на ражен. Јадењето е вкусно, ама подоготовката е тешка. Затоа нудиме проект за изработка на регулатор на вртежи со кој можете да направите електромеханички ражен со автоматско вртење на месото. Овој регулатор наместо вас ќе го врти месото со најдобрата брзина за да се добие квалитетно печење. Станува збор за импулсен регулатор на ДЦ мотор за 12 или 24 волти, кој може да се напојува од акумулатор или од градската мрежа.

Убаво испечено месо на ражен е врвен деликатес, верувам, ретко кој може да му одолее - заборавете го холестеролот! ;-) Но, главен проблем при подготвување на месо на ражен е тоа што некој треба да се "жртвува", а тоа значи, еден до два часа да седи до жешкиот оган и при тоа пополека рамномерно да го врти раженот. Оваа макотрпна и одговорна работа можете да ја избегнете ако ја препуштите на електрично-механичкиот склоп, кој сигурно ќе го врти раженот сè додека не оцените дека месото е доволно добро испечено. Впрочем, ова не е никаква новост. Слични уреди постојат веќе десетици години и на нив се испечени стотици јагниња, прасиња... Принципот на работа на овие уреди е многу едноставен. Преку соодветен механички пренос со запчаници е спрегната шипката од раженот со електромоторот кој може да се напојува од градската мрежа или од акумулатор од 12 или 24V. За повеќето градители најголем проблем претставува изработката на механичкиот склоп, поради тие причини треба за тој дел од уредот да побарате помош од некој поискусен мајстор или да погледате некој веќе изработен електро-механички ражен. Практични решенија има многу - од пренос со стандардни запчаници, па сè до конструкции со две верижници (ѕвезди извадени од некој стар расходуван велосипед) и синџир, ова последно решение е најоптимално и е наједноставно за повеќето аматери-почетници во оваа област. За вртење на раженот најчесто се користи DC-мотор од механизмот за бришачите од автомобилскиот ветробран предвиден за работа на 12 или 24Vdc. Него можете да го набавите во секоја продавница за автоделови или како најевтина варијанта од некој отпад за автомобили, камиони и автобуси. Тој се состои од два дела - мотор и редуктор, решение кое во дадениов случај за ражен е идеално. Бидејќи вртежите на излезот од редукторот се сè уште големи треба дополнително да се намалат (редуцираат), а на наједноставен начин тоа се прави со две верижници (двете ѕвезди - големата и малата од класичен расходуван велосипед) и верига (синџир). За повеќето искусни мајстори работата со ова е завршена, бидејќи со приклучување на моторот на напонот за напојување тој ќе го врти раженот со константен број на вртежи, сè додека месото не се испече. Но, ако сакате повеќе од обично вртење, ви предлагам да вложите малку повеќе труд и пари и со тоа да овозможите регулација на вртежите на раженот. За сето ова ќе ви биде потребен релативно едноставен електронски склоп кој со вртење на осовината на неговиот потенциометар ќе ви овозможи менување на вртежите на електромоторот од нула, па сè до максимална вредност. Со таков регулатор во секој момент можете да ги нагодите вртежите на раженот, а со тоа да добиете идеално печено месо! ;-)) Важна напомена! Читателот кој прв ќе ни достави фотографии од примената на овој уред за регулација на ражен ќе добие гратис годишна претплата на ЕМИТЕР!

Технички карактеристики:

Напон на напојување:

- 12Vdc, 24Vdc или 230Vac;

Моќност на моторот:

- до 50W (без ладилник);

- до 150W (со ладилник).

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК412
ИК TL081, 7808;
транзистор IRFP-054N

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.