Емитер 9/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во практиката се сретнуваме со ситуации кога треба релативно прецизно да се регулира моќноста на некој омски потрошувач. Склопот опишан во овој текст овозможува дигитална, прецизна и постојана контрола на моќноста на омски потрошувачи (грејачи, светилки, колекторски мотори и слично).
Еден типичен пример за неопходноста на ваквата регулација е инкубатор за пилиња. Грејачот ја загрева комората со јајцата, а температурата ја надгледува термостатот точно на местото каде што се јајцата. Кога температурата ќе ја надмине вредноста поставена на термостатот, тој ќе го исклучи грејачот, а температурата ќе престане да расте. Кога температурата ќе опадне под температурата зададена на термостатот, тој пак ќе го вклучи грејачот и така температурата ќе се одржува на една постојана вредност. Просто... да, но само кога се работи за производ оптимизиран по сите параметри. А ова не е толку едноставна работа туку сериозен инженерски потфат, иако на прв поглед не изгледа така.
Што се случува ако, да речеме, грејачот има поголема моќност од оптималната? Ако температурата опадне под номиналната, термостатот го вклучува грејачот. Грејачот предава топлина на комората, но таа не стигнува веднаш до термостатот. По некое време топлината стигнува на местото на термостатот и тој исклучува. Но додека тоа се случувало пресилниот грејач акумулирал во себе и во блиската околина големо количество топлотна енергија. Кога оваа топлотна енергија, по некое време, рамномерно ќе се распредели по целата комора (што сигурно ќе се случи), температурата на јајцата може да порасне над вредност опасна по ембрионот. Вистина е дека потоа комората ќе се лади подолго време и дека средната температура пак ќе се одржува константна, но ваквиот систем ќе работи со големи осцилации на моменталната температура и со опасни температурни максимуми. (Нешто слично како насочувач на наизменичен напон со "слаба" филтерска секција).
Геометријата, квалитетот на материјалот на комората, потребната внатрешна температура, како и просечната надворешната температура, се променливи кои ја определуваат оптималната моќност на грејачот, што може, но не мора да се совпадне со некоја номинална вредност на најсоодветниот стандарден грејач погоден за оваа комора. Во овој случај наједноставно решение е – електронска контрола на моќноста на грејачот. Со оптимизирање на моќноста на грејачот се добива регулација со мали осцилации на моменталната температура без опасни максимуми (како насочувач со добро филтрирање (пеглање) на излезниот напон).
ИК: PIC16F84A, CD4093 Оптокаплер: MOC3020 Тријак: BTA08
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.