Електроника

Во практиката се сретнуваме со ситуации кога треба релативно прецизно да се регулира моќноста на некој омски потрошувач. Склопот опишан во овој текст овозможува дигитална, прецизна и постојана контрола на моќноста на омски потрошувачи (грејачи, светилки, колекторски мотори и слично).


Астрономија и астронаутика

Замислете дека можете да ги искривувате светлинските зраци за да добиете космичка лупа, која би ви овозможила да гледате многу далечни објекти во просторот. Меѓутоа, тој феномен постои во космосот – го предвидел кој друг, ако не Алберт Ајнштајн, а се нарекува "гравитациска леќа". Во овој напис ќе се запознаеме со тоа на кој начин овој феномен продуцира чудесни слики, како и со неговото користење во проучување на космосот.


Металство и машинство

Оградата, како елемент од уредувањето, може во голема мера да го дополни и да го разубави вашиот двор, балкон и скалила и да направи пријатен амбиент и уживање. Во нашите простори се среќаваат повеќе типови, а едни од најчесто среќаваните се кованите огради. Поради релативно високата цена, многумина пројавиле желба сами да си купат делчиња и да направат ограда.


Архитектура и градежништво

Како преоден чекор од нискоенергетски кон нулаенергетски згради, градењето пасивни згради беше предизвик на неколку земји од ЕУ, заеднички да го реализираат проектот за градба на повеќе станбени единки и да го постават стандардот за максимално дозволени потреби за греење од 15 kWh/m2 во текот на грејна сезона.


Информатика

Враќањето на избришаните податоци, како и податоците од форматирана или нечитлива партиција, е релативно лесна постапка со висок процент на успешност…секако, зависно од околностите. Но што да се прави кога хард дискот механички или електронски ќе откаже? Решение има, всушност, затоа и го читате овој текст :-)))!


Физика

Темата "патување во времето" отсекогаш била популарна научна фикција, меѓутоа, за современата наука тој феномен има и своја сериозна страна. Имено, почитувањето на тој феномен е важна компонента во настојувањето на науката да конституира унифицирана теорија во физиката. Па, дали реално може да се изгради временска машина која ќе транспортира човечко суштество во минатото или во иднината?


На граница на науката

Пред некоја година, во жолтиот печат се пронесоа гласови за наводно сигурни предвидувања за неминовна глобална катаклизма која ќе ја зафати целата планета на 21.12.2012 година. Оваа масовна хистерија достигна светски размери и се прелеа и кај нас, па затоа одлучивме да направиме серијал во кој детално ќе ги разгледаме сите аспекти на овие наводи за блиската апокалипса.


Физика

Минатата год. во септември една интернационална екипа од Женева објави резултати од експеримент, според кој брзината на неутрината ја надминува брзината на светлината!? Аномалија при мерењето или научна револуција која ја соборува Ајнштајновата Теорија за релативитетот, еден од двата основни столба на кои се потпира модерната физика?


Автомобилска техника

Автомеханичарскиот занает, на моменти, е многу непредвидлив. На сред работа можете да останете без затинка (дихтунг) и работата да застане тука. Нема никаде да се купи или продавниците се затворени, а работата не трпи одлагање. За среќа, автомеханичарите, по дефиниција, се снаодливи луѓе и недостатокот од затинка ќе го надоместат со затинка од сопствено производство. Како се прави затинка ќе дознаете од текстот што следува.


Електроника

Ако сакате на далечина да вклучувате и исклучувате електричен уред, а да изградите само едноставен приемник, без предавател, решението е пред вас. Осетлив приемник со инфрацрвени зраци, едноставна шема со мал број лесно достапни електронски компоненти и стар заборавен далечински управувач кој е во функција, се потребни за реализација на проектот. Уредот успешно ги вклучува сите електрични потрошувачи на работен напон од 230 V чија моќност не надминува 450 W, и тоа на далечина до 12 метри.


Информатика

Постои ли некој што користи компјутер, а да не слушнал за Skype? Многу ретко, бидејќи оваа бесплатна апликација за комуникација преку интернет ја имаат инсталирано и активно ја користат над 650 милиони регистрирани корисници низ светот. Сега таа е достапна и на македонски јазик благодарејќи на група ентузијасти од нашата држава.


Електроника

Во повеќе проекти од областа на аудиотехниката објавени во ЕМИТЕР беше спомнато зошто е потребно да се направи соодветна обработка на аудиосигналот пред тој да се донесе на влезот на аудиозасилувачот. За да се обезбеди обработка на аудиосигналот според слушните карактеристики на нашето уво, потребно е соодветно електронско коло кое ќе врши издигнување на ниските и високите френквенции.


Аудио и видеотехника

Од 27 јули до 12 август 2012 во Лондон се одржаа ХХХ Летни олимписки игри. За тие 19 дена беа реализирани голем број спортски случувања, а игрите ги виделе гледачите од целиот свет. Карактеристично за овие игри е тоа што голем дел од случувањата се гледани и симнувани преку интернет.


Електроника

На електричните уреди, кои ги користиме за домашна употреба, се среќаваат ознаки кои на многумина им се нејасни. Секој претпоставува дека се работи за задоволување на некакви стандарди или препораки. Значењето на тие ознаки може да внесува делумни неразбирања и конфузии; овде ќе бидат изнесени некои сознанија кои веројатно барем малку ќе помогнат во расчистување на поимите.


Електроника

Аналогните и дигиталните сигнали, меѓусебно различни по природа, се поврзани преку процесот на аналогно-дигиталната конверзија. Дали и колку овој процес е комплициран, ќе биде прикажано во следниов напис. Потоа ќе стане збор за тоа кои видови конвертори постојат и кои се нивните карактеристики, а на крајот ќе видиме како и зошто се применува процесот на аналогно-дигитална конверзија во обработка на аудиосигналите.


Аудио и видеотехника

Новата таканаречена "action camera", која неодамна ја промовираше JVC на пазарот, нуди широки можности, а на прв поглед заличува на кутиче, што е невообичаено за изглед на камкордер. Притоа новиот GC-XA1 ASIXXION camcorder на JVC ги има сите стандардни HD карактеристики и веднаш е спремен за снимање разно-разни ситуации. Особено е погоден за снимање видео со брзи промени, како што се, на пример, спортските настани.


Астрономија и астронаутика

Минатиот месец на 82 годишна возраст почина Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на површината на Месечината. Нил Армстронг беше астронаут и тест-пилот на НАСА во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а во историските читанки влезе како командант на мисија Аполо 11 на 20 јули 1969 година.


Астрономија и астронаутика

Астероидите се небески тела во Сончевиот систем, кои од времето на неговото формирање до денес останале речиси непроменети, па со нивното проучување научниците доаѓаат до сознанија за примордијалната материја од периодот на создавањето на системот. Во таа насока, голема помош на истражувачите им нуди вселенската сонда Дањн, која речиси една година орбитира околу вториот по големина астероид, Веста, и испраќа податоци за обликот и за составот на нејзината површина.


Астрономија и астронаутика

Орбиталниот телескоп на НАСА "Ферми", дизајниран да "гледа" во подрачјето од електромагнетскиот спектар со гама-Зрачењето, детектирал извори на гама-зраци кои не може да се поврзат со досега познатите астрономски објекти! Дали се работи за откритие на нов вид извори на гама-радијација?!


Информатика

Минатиот месец HP претстави низа од нови алатки и додатоци – од компјутески глувчиња во повеќе бои, до дизајнирани ранци и заштитни торби за лап топ, но и компактни веб-камери со висока дефиниција (HD) накусо – од сè по нешто и за сечиј вкус. Токму на време за подготовките за новата училишна година.


Електроника

При изработката на некои проекти честопати се јавува потребата да се изберат ЛЕД диоди со слични или приближно исти карактеристики. Апликацијата која ви ја претставуваме во овој кус напис во многу ќе ви ја олесни оваа задача.


Аудио и видеотехника

Sony ги потврди високиот рејтинг, квалитетот и иновативноста со петте освоени награди за најдобри производи на овогодишната EISA Awards 2012.


Медицина

Срцевата аритмија претставува непријатно чувство на ненадејно силно и брзо правилно, но и неправилно работење на срцето. Чувството дека "срцето како да ќе ви излета од градите" може да се должи на повеќе фактори. Во написот кој следува ве информираме за повеќето од можните причини за забрзаната работа на срцето, а проследуваме и некои од вообичаените препораки за надминување на оваа состојба.


Медицина

Научниците од американскиот Национален институт за истражување на човечкиот геном откриле дека на нашата кожа во просек живеат околу 18 соеви и 205 вида бактерии. Многу бактерии има на сувите делови на кожата, како што е подлактницата, каде што ги има околу 44 вида, а најмалку живеат, на пример, зад ушите! Некои од нив се штетни, но голем број од нив не се, туку напротив. Најмногу микроорганизми живеат во нашите црева, а сите заедно тежат околу еден килограм.


Енергетика

Новиот начин на производство на електрична енергија е ветувачки прв чекор кон развојот на нови уреди кои произведуваат електрична енергија при извршување на секојдневните задачи. Замислете да го полните вашиот мобилен телефон при одење, благодарение на генератор на енергија тенок како хартија, вграден во ѓоновите од чевлите.


Електротехника

Кога работата треба да се заврши брзо и ефикасно, без развлекување продолжни кабли или дополнително напојување, тогаш несомнено треба да се набави машина која за напојување користи батерии. Во овој текст ќе биде претставена бежичната дупчалка MAKITA BDF444RFE, која ќе ви причини задоволство во работата со нејзината лесна и компактна изведба.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката со цел да ве приближиме кон новите трендови во електрониката и кон производите на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Научниците пронајдоа нови начини за употреба на плазмата;
Sony MHS-PM1 Webbie HD џебен HD камкордер;
Произведена најефикасната соларна ќелија;
"ХАБЛ" забележал судир на две ѕвездени јата;
iPad Mini веќе во октомври?
AVENUE - 9430 & 9440 Fleksibile Matrix Router за 3G/HD/SD/ASI;
Биолошки компјутери;
Лоши вести за Душко Долгоушко: Морковот е опасен за зајаците!
Каде во светот е најдобро да се студира;


Писма
Звучници и сабвуфер
Нема да го купувам ЕМИТЕР повеќе!
Стабилизиран извор за 9V и 10A