Рубрика: Физика
Дали неутрината се побрзи од светлината?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Минатата год. во септември една интернационална екипа од Женева објави резултати од експеримент, според кој брзината на неутрината ја надминува брзината на светлината!? Аномалија при мерењето или научна револуција која ја соборува Ајнштајновата Теорија за релативитетот, еден од двата основни столба на кои се потпира модерната физика?

Неутрината се субатомски елементарни честички кои се појавуваат во 3 различни видови, кои имаат својство да преминуваат од еден во друг вид. Тоа нивно својство на "осцилирање" од еден во друг вид го истражувале една екипа физичари, така што реализирале патување на тие честички од лабораторијата на ЦЕРН (CERN) близу Женева, каде што биле продуцирани тие, до подземната национална лабораторија во Гран Сасо (Gran Sasso) во Италија, оддалечена 730 km од ЦЕРН. Наспроти нивните очекувања, тие регистрирале дека неутрината стасале во Гран Сасо со предност од 20 m пред фотоните, што кореспондира со тоа дека тие ја надминале брзината на светлината за 7,4 km/s. Наодот беше објавен на прес-конференција на 23 септември 2011 год. и дејствуваше како "удар на гром" во современата физика, шокирајќи ја целата светска научна јавност, со оглед на тоа што, доколку тој е точен, тоа значи соборување на Ајнштајновата Теорија за релативитетот, еден од двата основни столба на кои се потпира современата физика (вториот столб е квантната физика).
Опширен напис за тој експеримент, познат под наслов OPERA, ЕМИТЕР објави во својот број 10/11: "Неутрина побрзи од светлината?", па овде нема да се повторуваме, туку ќе се фокусираме на објаснување на суштината на некомпатибилноста на тој наод со теоријата за релативитетот. Но, за да ја разбереме таа проблематика, неопходно е во објаснувањето да вклучиме малку теорија.

Клучни зборови:

ОПЕРА детекторот во Гран Сасо

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.