Рубрика: Астрономија и астронаутика
Ин мемориам Нил Армстронг
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Минатиот месец на 82 годишна возраст почина Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на површината на Месечината. Нил Армстронг беше астронаут и тест-пилот на НАСА во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а во историските читанки влезе како командант на мисија Аполо 11 на 20 јули 1969 година.

Пред 43 години, сите луѓе на планетава беа "залепени" пред телевизорите, гледајќи го првиот човеков чекор на друго небеско тело. Иако тоа беше најблиското небеско тело до Земјата, нашата Месечина, тоа беше гигантско достигнување на науката и техниката. Да се испрати вселенски брод со човечки екипаж на Месечината, во тоа време, кога практично само што се достигнаа научните и технички предуслови за такво нешто, претставува неверојатен подвиг. Но, да не заборавиме дека голата, прецизна и студена техника немаше сама по себе да успее, ако тука не беше топлината, големината и храброста на човековото срце.

Клучни зборови:

Нил Армстронг покрај ракетопланот Х 15

Џемини 8 слетан на море. Нил Армстронг е на десното седиште

Првото стапнување на Месечината

Екипажот на Аполо 11 во посета на тогашната Југославија, пречекан од нејзиниот претседател Јосип Броз Тито

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.