Емитер 9/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Оградата, како елемент од уредувањето, може во голема мера да го дополни и да го разубави вашиот двор, балкон и скалила и да направи пријатен амбиент и уживање. Во нашите простори се среќаваат повеќе типови, а едни од најчесто среќаваните се кованите огради. Поради релативно високата цена, многумина пројавиле желба сами да си купат делчиња и да направат ограда. Во овој текст ќе се обидеме да ги доловиме важните услови за добар естетски изглед на оградата, потребна опрема за изработка и типови на заштита на истата.
Во нашите простори се среќаваат најразлични типови огради и тоа: бетонски лиени столпчиња во барок стил, во најразлични форми, обични метални огради со главни елементи – плетена мрежа и ребраста арматура, кована ограда, панелна ограда, иноксна ограда и др. За каков тип ограда ќе се одлучиме, претставува прашање на сопствен вкус и подготвеност за инвестирање. Во овој текст ќе се задржиме на оградите кои се изработуваат од метал, односно ќе дадеме акцент на кованите огради, бидејќи денес тие наоѓаат најмасовна примена. Бидејќи станува збор за самоградба на ограда во овој текст нема да ги опфатиме иноксните огради, од проста причина што за нивна изработка ни е потребна специјална опрема, која ретко кој ја поседува во домашни услови (апаратура за тиг-заварување, полир-пасти и киселини, машини за полирање на заварот).
Ребраста арматура со d = 12 - 14mm
Квадратно железо (фирикет) со d = 12 - 14mm
Флакови со различна ширина и дебелина
Украсни елементи
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.