Рубрика: Металство и машинство
Топловодно греење (4)
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ова продолжение ќе се осврнеме на монтажата на составните делови од топловодното греење, т.е. формирање на една целина која треба да функционира сигурно и беспрекорно. Тука ќе ги посочиме точките во процесот на склопување каде што се прават најповеќе грешки при монтажата, кои пак предизвикуваат неправилно функционирање за системот на парно греење и хаварија во вашиот дом.

Во ова продолжение ќе го објасниме начинот на склопување на елементите од парното греење, сè со цел за формирање на една целина која беспрекорно ќе функционира. Не заборавајте дека од вас, како мајстор кој го монтира парното греење, се побарува и естетски изглед, бидејќи се работи за ентериер од вашиот дом. Затоа водете сметка овој услов да биде исполнет, бидејќи од цела куќа ако едно нешто е грубо наместено, токму тоа цело време ќе ви паѓа в очи. За исполнување на естетскиот изглед на парното греење, треба да внимавате елементите да бидат ливелирани, и цевководот да биде права линија без некои прекршувања и нагли кривини. Фактор кој во голема мера влијае на естетскиот изглед на парното се и неговата функционалност и квалитет. Со неправилно монтирање на парното греење и со дополнителни интервенции значително е голема веројатноста да направите нагрдување на естетскиот изглед. На пример, доколку се појави неправилно функционирање на оџакот, дополнителните интервенции ќе значат катран и црнило низ целата куќа или, пак, доколку протече цевководот, ќе значи нагризани ѕидови од влага, жолт паркет или ламинат и др. Затоа обрнете внимание на секој детал од вашето парно греење и не запоставувајте ниеден елемент како спореден и неважен, бидејќи секој дел од парното греење има своја задача, без која системот на парно греење не може да функционира правилно. Трудете се да вградувате нови делови во него, а доколку вградувате нешто користено, правилно испитајте го, затоа што ќе ви се отвори многу работа доколку делот треба да го отстраните подоцна. Почитувајте ја народната поговорка: "Ни на астал не е добро сам да се седи", т.е. добро би било да најдете некој кој ќе ви помогне при монтажата на парното, да придржи нешто, да подаде алат, да ве смири кога ќе тргне нешто наопаку и така натаму.
Шематскиот приказ на систем за топловодно греење изведен во двоспратна куќа, ќе ни биде водилка за натамошните објаснувања и, генерално, за полесно разбирање и монтирање на целиот систем.

Клучни зборови:

Шематски приказ на систем за топловодно греење

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.