Добар генератор на правоаголни импулси не се сретнува често по аматерските работилници од причина што е скап и за купување и за самоградба, а не е толку неопходен како што е, на пример, еден променлив DC извор на напон, што е класика. Сепак, генераторот на правоаголни импулси му е потребен на секој оној што сака да експериментира со дигитални кола, прекинувачки напојувања, регулатори на мотори и слично.