Емитер 9/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сосема нормално е никогаш да нема крај во напорите за намалување на потрошувачката на гориво кај автомобилските мотори. Најновиот голем потфат кој овозможува заштеда и до 1 l/100km се базира на исклучување на неколку цилиндри при слабо или делумно оптоварен мотор. Зошто со исклучувањето на неколку цилиндри се намалува потрошувачката, како механиката го реализира тоа, за колкави заштеди станува збор и за многу други прашања, одговор ќе понудиме во текстот што следува.
Долга е листата од напорите за намалување на потрошувачката на гориво на автомобилскиот мотор, или попрецизно, за добивање што е можно поголема силина или механичка енергија од одредена количина гориво. Првите сериозни напори за тоа започнуваат во седумдесеттите години, по големата светска енергетска криза. Почетоците беа со инсталација на системи за количински точно дозирање гориво во цилиндрите и прецизно одредување на точката на палење (ова денес е познато како компјутерско управување со работата на моторот, или компјутерски менаџмент), па усовршување на просторот за согорување, потоа, подобрување на размената на гасовите (целосно полнење и празење на цилиндрите), појава на down size моторите, променлив степен на компресија (SVC = Saab Variable Compression), појавата на хибридни погони итн.
Најновиот успешен обид, кој е тема на овој напис, е со исклучување од работа на дел од цилиндрите при слабо или делумно оптоварен мотор. На пазарот прв го лансира фирмата "Фолксваген" преку четирицилиндарскиот бензински мотор 1,4 l TSI, промовиран во 2012 година, во кој е вграден системот ZAS (Zylinderabschaltung), кој ги исклучува вентилите на вториот и третиот цилиндар. Потоа фирмата "Ауди" го лансира системот Audi Valve Lift (AVL), или Audi Valve System (AVS) во моторот 4,0 l TFSI, со што засега стана вториот производител кој го примени овој начин на заштеда на гориво.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.